12 чевли за 12 бивши љубовници

12 чевли за 12 бивши љубовници

„12 чевли за 12 љубовници“ е креативна колекција со скулптурни чевли, дизајнирани од страна на чилеанскиот дизајнер кој живее во Њујорк, Себастијан Ерасуриз, а инспирирана од неговите лични минати љубовни врски. Секој чевел има свој уникатен дизајн, кој се однесува на одредена жена од неговото минато. Сите 12 чевли се именувани според конкретна бивша љубовница која ги инспирирала, а на неговиот блог може да го прочитате и кусиот интересен опис на врската којашто тој ја имал со секоја од нив.

12 чевли за 12 бивши љубовници

“Jetsetter” Jessica („Џетсетерката“ Џесика)

Од Ледената кралица до Медената Наташа, Себастијан успеал да ги рекреира неговите бивши девојки во откачени чевли кои можат да се носат. Чевлите наречени Шефицата Рејчел дури можат да послужат и за две намени, како чевли на високи штикли и како брутално оружје.

12 чевли за 12 бивши љубовници

“Ice Queen” Sophie („Ледената кралица“ Софи)

И покрај тоа што Себастијан споделил неколку фотографии каде што жени стојат облечени во некои од чевлите, многумина мислат дека во некои од нив е невозможно да се оди, како што се Gold Digger или Jetsetter. Како и да е, намерата на дизајнерот е поважна од самата функционалност. Колекцијата чевли претставува документирање на неговата љубов, врските и личната ранливост.

12 чевли за 12 бивши љубовници

“Honey” Natasha („Медената“ Наташа)

12 чевли за 12 бивши љубовници

“GI Jane” Barbara („Воинствената“ Барбара)

12 чевли за 12 бивши љубовници

“Gold Digger” Alison („Заводничката за пари“ Алисон)

12 чевли за 12 бивши љубовници

“Hot Bitch” Caroline („Секси кучката“ Керолајн)

12 чевли за 12 бивши љубовници

“Cry Baby” Alexandra („Плачката“ Александра)

12 чевли за 12 бивши љубовници

“The Boss” Rachel („Шефицата“ Рејчел)

12 чевли за 12 бивши љубовници

“The Virgin” Anna („Девицата“ Ана)

12 чевли за 12 бивши љубовници

“Heart Breaker” Laura („Срцекршачката“ Лаура)

12 чевли за 12 бивши љубовници

“The Rock” Alice („Каменот“ Алис)

12 чевли за 12 бивши љубовници

“The Ghost” Valentina („Духот“ Валентина)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар