10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујна

10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујна

Малите кујни се предизвик за многумина. Не само што е потешко да се подготват оброци во тесен простор, туку потребни се и повеќе организациски вештини за да се средат и да се складираат сите важни ситници. Но, постојат неколку трикови кои ќе ви ја олеснат таа задача.

1. Набавете мебел со лизгачки врати

10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујна

Кујнските ормани со лизгачки врати заштедуваат многу простор во вашиот дом и ви овозможуваат полесно да се снаоѓате.

2. Инвестирајте во кујнска количка на тркала

10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујна

Кујнската количка со тркала е флексибилен простор за складирање, а по потреба можете да ја движите и да ја преместите во други простории во домот или на терасата.

3. Поставете полици до врвот

10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујна

Поставувањето полици на ѕидовите е одличен начин за складирање на работите. Но, не ставајте само една или две полици, туку поставете ги сè до врвот. Најгоре ставете работи што не ги користите секој ден, а работите што ги користите постојано нека ви бидат на дофат на раката.

4. Направете лизгачки полици

10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујна

Ако сакате максимално да го искористите просторот во малата кујна, размислете да купите мебел по мерка. Често има слободен простор помеѓу кујнските елементи што не одговара на класичните парчиња од продавниците за мебел. Во тој тесен простор можете да наместите лизгачка полица.

5. Искористете го максимумот од просторот во кујнските елементи

10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујна

Купете организатор на фиоки и со тоа складирајте повеќе работи во кујнските елементи. На пример, внатрешните страни на орманите можат да послужат како држач за капаци или слични работи.

6. Направете шанк за јадење

10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујна

Во малите кујни нема место за маса и столови за јадење. Наместо тоа, вградете шанк каде што ќе можете да јадете од нога.

7. Обесете ги работите над главата

10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујна

Ако ви дозволува просторот, можете да го закачите кујнскиот прибор над главата, односно под таванот. Исто така, ќе заштедите многу простор ако поставите решетка за сушење садови над мијалникот.

Три трикови за визуелно зголемување на кујната

10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујна

1. Изберете кујнски елементи и опрема во посветли бои кои визуелно го зголемуваат просторот.

2. Просторот ќе изгледа и поголем ако закачите поголемо огледало на еден ѕид во кој ќе се рефлектира остатокот од кујната.

3. Просторот ќе изгледа помалку тесен и неуреден ако чувате колку што е можно помалку работи на видливи места.

Погледнете кои бои го прават просторот поголем.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар