10 додатоци за ентериер што Французинките ги обожаваат
Станот на една Французинка е модерен, шик, но и топол и гостопримлив. Тој е класичен, со модерни детали и софистициран без премногу труд. Собите се одликуваат со совршена комбинација на винтиџ и современи парчиња што не изгледаат премногу скапи или екстравагантни. Во продолжение прочитајте кои се 10-те додатоци што Французинките би ги ставиле во својот дом.
1. Ленена постелнина
Французинките постигнуваат опуштена елеганција во спалната соба со помош на ленената постелнина, која секогаш изгледа совршено, без разлика дали е наместен креветот или не.
2. Винтиџ стол
View this post on Instagram
Ова е уште едно парче што изгледа одлично во спалната соба. Можете да ставите еден таков стол покрај креветот наместо ноќна масичка.
3. Врамено современо уметничко дело
View this post on Instagram
Кога станува збор за ѕидовите, Французинките ја сакаат современата уметност. Тие ставаат врамени минималистички парчиња што се потпираат на ѕидот наместо да ги закачуваат.
4. Свеќи и свеќници
Пронајдете полица во вашиот дом што ќе ја наполните со свеќи и со свеќници со различни форми. Идеален додаток е и вазната со исушени цвеќиња.
5. Перничиња со различни дезени
View this post on Instagram
Колекција перничиња со различни дезени е додаток со кој Французинките лесно можат да додадат доза на естетика во својот дом.
6. Едноставна вазна
Французинките секогаш имаат цвеќе во својот дом – исушено или свежо набрано, а за овие цвеќиња важно е да имате убава, едноставна вазна која ќе се истакнува во просторијата.
7. Полица за книги
View this post on Instagram
Потпрете ги книгите една врз друга, наредете ги хоризонтално и вертикално, измешаје ги со вазни, фотографии и други украсни предмети. Полицата за книги треба да биде дел од домот што навистина ќе го привлече вниманието на секој што ќе се најде во вашиот дом.
8. Софа или фотелја што се издвојува
Во домовите на Французинките може да забележите модерна кадифена софа или фотелја што даваат допир на луксуз и софистицираност на секој простор. Изберете богати бои, како жолта или зелена.
9. Големо позлатено огледало
View this post on Instagram
Еден од најпопуларните додатоци во француските домови се големите позлатени огледала. Покрај тоа што се совршено место за фотографирање, тие го прават домот луксузен.
10. „Антички“ тепих
View this post on Instagram
Французинките сакаат да додаваат текстура и боја во својот дом со килими во повеќе бои кои потсетуваат на старинските килими, но всушност се модерен додаток на секој дом.
Погледнете кои 6 парчиња за уредување на ентериерот ги имаат сите девојки со стил.