10 дизајнерски трикови кои целосно ќе го променат изгледот на вашиот дом

10 дизајнерски трикови кои целосно ќе го променат изгледот на вашиот дом

Сите сакаме нашиот животен простор да биде и практичен и удобен. Секако, сите имаме различен вкус и за вкусовите не треба да се расправа, но кога е во прашање декорацијата на домот, вреди да се посоветуваме со експертите. Професионалните дизајнери ни открија неколку едноставни трикови кои вашиот дом ќе го трансформираат во ремек-дело, доста поволно и за кратко време. Засукајте ги ракавите, па да започнеме!

1-10-dizajnerski-trikovi-koi-celosno-kje-go-promenat-izgledot-na-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

1. Ставете акцент на ѕидовите

За да изгледа собата возбудливо и живописно, не мора да го бојадисате секој ѕид. Едноставно бојадисајте еден ѕид или декорирајте го со дрвени плочи.

2-10-dizajnerski-trikovi-koi-celosno-kje-go-promenat-izgledot-na-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

2. Проѕирен мебел

Овој трик е особено добар за малите домови, бидејќи проѕирниот мебел ќе создаде илузија на поголем простор, додавајќи светлина и чувство на воздух во ентериерот.

3-10-dizajnerski-trikovi-koi-celosno-kje-go-promenat-izgledot-na-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

3. Направете сами дизајнерски парчиња од обичниот мебел

Со помош на боја и неколку дрвени штици, од кое било обично парче мебел ќе можете да создадете уникатен, дизајниран мебел.

4-10-dizajnerski-trikovi-koi-celosno-kje-go-promenat-izgledot-na-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

4. Урамено огледало како прозорец

Огледалото кое потсетува на прозорец не само што визуелно ќе создаде поголем простор, туку и ќе ја направи собата посветла, особено доколку го ставите наспроти вистински прозорец.

5-10-dizajnerski-trikovi-koi-celosno-kje-go-promenat-izgledot-na-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

5. Билки

Билките ќе внесат живот и во најдосадниот ентериер и значително ќе ја подобрат микроклимата во просторијата. Можете да ги ставите во различни ќошови или сите заедно на една полица.

6-10-dizajnerski-trikovi-koi-celosno-kje-go-promenat-izgledot-na-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

6. Книгите како дизајнерски елемент

Не кријте ги книгите по полиците, туку искористете ги нивните живописни корици како декорација. Можете да ги поставите на најнеобични места, како што е на пример стариот радијатор.

7-10-dizajnerski-trikovi-koi-celosno-kje-go-promenat-izgledot-na-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

7. Различни столици

Истите столици кои се поставени околу трпезариската маса се старомодни и досадни. Декораторите предлагаат различни столици, кои меѓусебно добро ќе се вклопат. На пример, може да бидат со иста боја или со сличен дизајн.

8-10-dizajnerski-trikovi-koi-celosno-kje-go-promenat-izgledot-na-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

8. Необично осветлување

Малите сијалички можете да ги претворите во многу повеќе од извор на светлина. На пример, тие може да бидат необично „платно“ за фотографи.

9-10-dizajnerski-trikovi-koi-celosno-kje-go-promenat-izgledot-na-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

9. Собни прегради

Собните прегради се одличен начин да го поделите просторот на повеќе удобни подрачја. На пример, како преграден ѕид можете да користите орман со отворени полици.

10-10-dizajnerski-trikovi-koi-celosno-kje-go-promenat-izgledot-na-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

10. Удобно место за седење до прозорецот

Просторот покрај прозорецот е совршено место за опуштање. Тука можете да поставите клупа или вистинска софа на која можете се седите додека читате или лежите.

11-10-dizajnerski-trikovi-koi-celosno-kje-go-promenat-izgledot-na-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

Доколку верувате во тоа дека работите кои нѐ опкружуваат откриваат нешто за личностa, тогаш погледнете што кажува за вас ентериерот во кој живеете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар