Како комуницирате со луѓето? За здрави односи потребна е здрава комуникација

Како комуницирате со луѓето? За здрави односи потребна е здрава комуникација

Дали понекогаш ве нервира мислата дека другите не ве слушаат? Се фрустрирате ли кога партнерот не ве слуша, а вие тукушто кажавте нешто? Дали честопати влегувате во конфликт со луѓето што ги сакате, за на крајот да сфатите дека тие не ве разбрале? Ако одговоривте позитивно на сите прашања, тогаш статијата што следи е токму за вас.

Како комуницирате со луѓето?

Комуникацијата е клучна за воспоставување здрави односи, без разлика дали станува збор за љубовни, пријателски или семејни. Целиот наш живот се состои од односи, а тие пак се засноваат на комуникација. Отсуството на здрава комуникација може да доведе до влошени односи како и нарушено ментално здравје.

Постојат три вида комуникација: пасивна, агресивна и самоуверена.

1. Пасивна комуникација

Овој тип комуникација е окарактеризирана со потчинетост и е доста нездрава затоа што не се почитуваат сопствените потреби, а тоа може да резултира со чувство на огорченост, лутина и ментална исцрпеност.

2. Агресивна комуникација

Агресивната комуникација е исто така нездрава бидејќи не се почитуваат потребите на соговорникот. Тоа е еден вид насилна комуникација и форма на доминација.

3. Самоуверена комуникација

За разлика од првите два вида комуникација, самоуверената комуникација е здрава бидејќи притоа не само што го почитувате соговорникот туку и сте сигурни во себе. Само преку меѓусебна почит може да се гради заемна доверба.

Ако ја започнувате реченицата со „јас“, тогаш се служите со безбеден начин за обраќање бидејќи ви овозможува да ги искажете своите мисли и чувства. Истовремено, ги избегнувате обвинувањата и нападите.

Изјавата: „Се чувствувам повреден/а кога доцниш два часа, а не се јавуваш“ покажува многу поголема почит отколку изјавата: „Се враќаш дома доцна, ти си бесчувствителен/на“. Тоа е напад и повик за кавга.

Дали ја забележувате разликата?

Невербалната комуникација исто така може да се класифицира како нездрава бидејќи во себе може да крие претпоставки, очекувања, недоразбирања…

Кажете го она што ви е на ум, без разлика колку и да е близок вашиот однос со соговорникот — сепак никој не може да чита мисли. Само така ќе ги спречите недоразбирањата.

Откако ги прочитавте нашите совети за здрава комуникација, можеби ќе сакате да дознаете нешто повеќе и за разликите во комуникацијата помеѓу понежниот и посилниот пол.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар