10 популарни митови за медицината за кои експертите велат дека се лага

Сподели

Поголема група медицински експерти од Универзитетите во Орегон, Мериленд и Чикаго биле заинтересирани за тоа колку навистина се оправдани и ефективни медицинските рутини во денешното здравство. Некои од нив влегуваат во медицинската практика и упорно се одржуваат, иако е докажано дека тие се најверојатно митови. Во продолжение прочитајте кои се најпопуларните митови за медицината.

Реклама

rn

1. Кикирики

rnПедијатрите веќе долго време ги предупредуваат родителите да ги чуваат кикириките понастрана од своите мали деца во првите три години од животот бидејќи се сметаше дека така ги намалуваат шансите децата да развијат алергија на мешунки. Но, сега се појавија истражувања кои сугерираат дека изложувањето на кикирики на децата под една година не ја зголемува застапеноста на алергии на кикирики.rn

2. Рибино масло

rnИстражувањата покажаа дека луѓето чија исхрана е богата со рибино масло имаат помала веројатност да имаат срцеви заболувања. Оттаму, се разви обичајот за додавање на омега-3 масни киселини во исхраната, сè со цел да се намали нивото на триглицериди, кои го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Покрај тоа, омега-3 го намалува ризикот од воспалителни процеси.

Но, тогаш излезе истражување направено на над 12 500 луѓе со срцеви заболувања третирани со омега-3 масни киселини и немало резултати. Тоа значи дека омега-3 масните киселини нема да ве заштитат од срцеви заболувања. Од друга страна, тоа значи дека мрснотиите од рибите се корисни само ако истовремено ги елиминирате мрснотиите од животинско потекло.rn

3. Врската помеѓу играњето на тинејџерките со кукли и предвремената бременост

rnПостоеше теорија дека девојчињата кои играат со кукли за бебиња ќе бидат повеќе свесни за тоа колку е потребна грижа околу вистинското бебе, па затоа ќе бидат повнимателни. Но, се покажа дека таквите девојки се дури и за нијанса повеќе изложени на ризик од предвремена бременост од другите. Причината за тоа очигледно лежи во некои околности што не биле опфатени со истражувањето.rn

4. Орални опиоиди против аспирин и ибупрофен против болки

rnОпиоидите се моќни лекови против болки. Но, клиничките студии покажаа дека лековите против болки кои не носат ризик од предозирање, честопати не се многу ефикасни. Ова, исто така, се применуваше во практика во последниве години и е во согласност со принципот дека терапијата се применува на најниско можно ниво на интензитет, но сепак е ефективна. Тогаш, кога послабиот лек против болки не функционира, изборот е јасен, се пробува со посилниот.rn

5. Тестостерон и зачувување на меморијата

rnСè започна кога некој одамна од светот на медицината воспостави врска помеѓу средовечните мажи кои имаат ниско ниво на тестостерон и ненадејното губење на меморијата. Тезата беше дека тестостеронот придонесува за зачувување на нервните врски во некои делови на мозокот. Поради ова, некои започнаа да препишуваат третмани со тестостерон. Сепак, клиничките студии покажаа дека замената на тестостерон не помага ништо повеќе од плацебо апчињата од шеќер. Совпаѓањето на ниското ниво на тестостерон и губењето на меморијата е можно како резултат на процесот на стареење што ги предизвикува и двата феномени, но тие не се меѓусебно поврзани.rn

6. Лабораториско чистење поради астма

rnИзложеноста на прашина може да биде предизвикувач на алергиска реакција, а потоа и на напад на астма. Иако е навистина поубаво и поздраво да се живее во темелно исчистен дом, интензивното чистење на домот до ниво на лабораториска чистота доведува до промена на застапеноста на астмата кај децата.rn

7. Броење чекори и побрзо слабеење

rnСе сметаше дека луѓето кои вежбаат со одење или трчање, мерејќи го бројот на чекори што ги прават, ќе бидат повеќе свесни за активноста и побрзо ќе се ослободат од вишокот килограми. Но, докажано е дека оние кои користат мерач на чекори слабеат дури и побавно од оние кои помалку опсесивно се занимаваат со спортски активности.rn

8. Повреда на менискусот и операција

rnПричина за одлучување за правење операција е стравот дека одложувањето на операцијата ќе доведе до уште полоша повреда и уште полоша и подолготрајна болка. Истражувањето за односот помеѓу физикалната терапија и хирургијата покажа дека, сепак, ако вашиот менискус е оштетен од артритис, закрепнувањето по шест месеци е приближно исто успешно. Хируршката интервенција може да го забрза закрепнувањето, но е поинвазивна, додека физикалната терапија е помалку инвазивна, но трае подолго.rn

9. Пукање на воденикот кај бремени жени и породување во итни случаи

rnИма логика во тоа дека во случај на пукање на воденикот и истекување на амнионската течност, бремената жена треба веднаш да се однесе на пораѓај, со цел да се избегне навлегување бактерии во инаку стерилната средина на фетусот. Ова истражување е многу чувствително, но покажа дека е подобро лекарите во вакви случаи да продолжат да ја следат бремената жена и да чекаат до почетокот на природните болки, па дури потоа да почнат со породување. Истражувањето открива дека ваквите деца подоцна имаат подобро здравје.rn

10. Гинко и заштита од губење на меморијата и од деменција

rnВо Кина, уште од античко време, луѓето забележале дека подобро функционираат психички ако јадат лисја од гинко. Од тоа се развила индустријата за додатоци во исхраната базирана на гинко за да се спречи влошување на менталната состојба кај старите лица. Но, едно истражување спроведено во САД во 2008 година покажа дека гинкото не спречува губење на меморијата и не ја спречува или забавува деменцијата. Сепак, гинкото е ефикасно затоа што помага во остварувањето на постоечкиот потенцијал.

Прочитајте кои сонови укажуваат на некои здравствени проблеми.

Популарно

Може ќе ве интересира