6 видови храна што не се подзагреваат откако еднаш ќе бидат подготвени
Европскиот совет за исхрана предупредува дека не треба да ги загревате претходно подготвените јадења. Тоа може да доведе до несакани последици, односно до ослободување на некои видови бактерии кои многу брзо се размножуваат на температура од 5 до 65 степени. Како резултат на тоа се зголемува ризикот од труење со храна и се појавуваат различни проблеми со варењето, како што се подувањето, грчењето и гасовите. Па, која храна никогаш не треба да ја загреете откако ќе се олади?
1. Ориз
Ако го изложите оризот повторно на високи температури, тој може да предизвика труење. Идеално е да се изеде одма по подготовката или да се стави во фрижидер и да се изеде најмногу до 24 часа подоцна.
2. Компир
По загревањето на компирите, многу од неговите хранливи состојки се губат, а се зголемуваат оние супстанци што можат да предизвикаат симптоми на труење откако повторно ќе се подзагрее.
3. Целер
Иако многумина јадат свеж целер, оние што го подготвуваат на високи температури мора да знаат дека не смеат да го подзагреваат подоцна бидејќи ризикуваат труење. Целерот содржи нитрати, кои по влијание на топлина се многу штетни по здравјето. Во големи количини можат да го зголемат и ризикот од рак.
4. Цвекло
Нутриционистите препорачуваат користење сирово цвекло кое е одличен извор на антиоксиданси, и содржи важни минерали и витамини. Но готвеното цвекло, кое потоа дополнително се загрева, може да има многу негативно влијание на вашиот организам.
5. Пилешко
Поради салмонелата, се препорачува консумирање добро подготвено пилешко. Но, ако одново го загреете, можете да го надразните вашиот желудник.
6. Печурки
Не се препорачува да ги подзагреете печурките бидејќи можат да предизвикаат подување и пролив. Исто така нивното оставање на собна температура после готвење може да биде многу опасно.
Прочитајте нешто повеќе и за овие 6 видови храна што ќе ви дадат енергија наутро.