Население од панамските мајмуни влегло во камена доба

Население од панамските мајмуни влегло во камена доба

Изгледа дека популација од панамски мајмуни влегла во камена доба. Овие белоглави мајмуни се четвртите примати кои го направиле ова по вид мајмуни во Тајланд, Западна Африка и Јужна Америка (кои можеби користат камени алатки најмалку 700 години).

Население од панамските мајмуни влегло во камена доба

Тим научници истражувал група белоглави капучин мајмуни во националниот парк Коиба кој е составен од 3 острови. Тимот открил дека некои од мажјаците почнале да користат камења за кршење јаткасти плодови. Водечкиот автор, Брендан Ј. Барет од Институтот Макс Планк, открил дека овие мажјаци што користат алатки можат да бидат најдени само на еден дел од островите.

„Се изненадивме што ова однесување е географски локализирано“, изјавил Брендан.

Ова однесување прв пат било забележано во 2004-та година од Алисија Ибанез. Тим истражувачи го посетил паркот повторно во 2017-та година и поставиле камери на сите 3 острови. Тимот набљудувал додека релативно мал број мажјаци на еден од островите користеле камени алатки за кршење ракови, полжави, па дури и кокоси.

И покрај тоа што индивидуални мајмуни се движат помеѓу разните групи, употребата на алатки останала локализирана. Во теорија, оваа иновација би требало да се прошири. Тимот истражувачи смета дека ова покажува дека влегувањето во камена доба е случаен настан наместо неизбежен. Веројатно еден особено паметен мајмун почнал да ги користи камењата, па со текот на времето другите мајмуни го копирале.

Истражувачите се надеваат дека понатамошните набљудувања на однесувањето на овие панамски мајмуни ќе открие што навистина се случило.

Дали знаете кои се следните можни чекори во еволуцијата на човекот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар