10 научни откритија од 2017 кои делуваат како да се извлечени од научната фантастика
Бидејќи наближува крајот на 2017-та година, време да се потсетиме на некои од најголемите научни откритија. Научниците постојано смислуваат нешто ново од сите области на науката, но оваа година нанотехнологијата, терапијата со гени и квантната физика се полни со новитети. Бидејќи научните откритија почнаа сè повеќе да звучат како научна фантастика, замислете што сè ќе биде откриено во 2018. До тогаш, да погледнеме кои се најневеројатните откритија од оваа година.
1. Временски кристали
Според првиот закон на термодинамиката, машините во постојано движење кои произведуваат работа без енергија се невозможни. Но, на почетокот на оваа година физичарите создадоа структури наречени временски кристали кои можеби ја побиваат оваа теорија. Временските кристали се првиот реален пример за нова состојба на материјата наречена „нерамнотежа“. Во оваа состојба атомите имаат разни температури и никогаш не се во топлинска рамнотежа едни со други. Временските кристали имаат атомска структура која не се повторува само во просторот, туку и во времето, а ова пак им дозволува постојано да осцилираат без енергија.
Сепак, ова не значи дека временските кристали ги кршат законите на физиката. Конзервацијата на енергија може да биде дефинирана само во системи со симетрична временска транслација, односно идејата дека законите на физиката се исти секаде и во секое време. Единственото нешто што го „кршат“ овие кристали е симетричната временска транслација. Но, тие не се првите. Магнетите често се прикажани како природно асиметрични предмети бидејќи имаат два пола. Овие временски кристали би можеле да се користат во пренос на информации и складирање во квантни системи. Можно е да имаат и голема улога кај квантните компјутери.
2. Крилјата на вилинското коњче се „живи“
Инсектите дишат со помош на трахеален систем. Воздухот влегува во нивните тела преку надворешни отвори, а потоа минува низ комплексната мрежа од трахеи која пак го носи воздухот до клетките на целото тело. Но, нивните крилја речиси целосно се направени од мртво ткиво кое се суши и или е провидно или покриено со бои.
Деловите од мртвото ткиво се ограничени со вени кои се дел од системот за дишење. Но кога еден ентомолог ги набљудувал крилјата на едно вилинско коњче под електронски микроскоп, тој забележал дека на нив имало трахеи. Ова е првото вакво забележување на крилјата на еден инсект. Можно е да станува збор за мутација, но експертите се сомневаат во тоа.
3. Древен крлеж полн со крв од диносаурус
Пронајдени се навистина неверојатни работи зачувани во килибар, но ова откритие ги надминува сите. Научниците откриле парче килибар кое се проценува дека е старо 99 милиони години, а во него има паразити слични на модерниот крлеж. Во едното парче имало пердув од диносаурус, во други две биле пронајдени делови од гнезда, а едно имало и крв од диносаурус. За жал нема наскоро да го видиме паркот Јура бидејќи вадењето ДНК примероци од овие фосили е речиси невозможно.
4. Возрасен човек подлегнал на модификација на гени
Моментално на врвот на генетската терапија се наоѓа CRISPR (Clustered Regularly Interlaced Palindromic Repeats). Ова е семејство на ДНК низи кои ја формираат основата на технологијата наречена CRISPR/Cas9, која теоретски би можела трајно да ја промени човечката ДНК. Во 2017 година, оваа технологија успешно го „поправила“ генот кој предизвикувал мутации во човечки ембрион.
Исто така оваа технологија би можела да ја започне ерата на таканаречените „дизајнерски бебиња“. Технологијата била пробана и на 44-годишниот Бред од Калифорнија кој страдал од болест која го врзала за инвалидска количка. Сепак, потребно е да почекаме уште малку за да дознаеме дали процедурата ќе биде успешна.
5. Што е прво, сунѓерот или медузата?
Едно ново истражување бара решавање на прашањето за потеклото на животните. Според истражувањето, сунѓерите им се „сестри“ на сите животни во светот. Ова произлегува од фактот дека сунѓерите биле првата група суштества кои направиле огранок од дрвото на еволуцијата. Ова се случило пред околу 750 милиони години.
Покрај оваа приказна, во дебатата има уште еден кандидат – медузите. Додека сунѓерите се прости организми кои само стојат на морското дно, медузите се малку покомплексни. Ако се открие кој од овие две бил прв, ова значи дека ќе знаеме како изгледал нашиот заеднички предок. Ова ќе биде големо откритие за нашата еволуција.
Продолжува на следната страница…