5 интересни факти за месечината кои веројатно не сте ги знаеле

5 интересни факти за месечината кои веројатно не сте ги знаеле

На 20-ти јули 1969 година, првиот човек стапнал на месечината. Нил Армстронг го направил својот добро познат „мал чекор за човекот, но голем за човештвото“ и со тоа оставил отпечатоци од човечкиот вид во галаксијата. Иако ова е една од најзначајните епизоди во историјата која го означила почетокот на вселенските истражувања, тоа не е најнеобичната поврзаност помеѓу луѓето и месечината.

5 интересни факти за месечината кои веројатно не сте ги знаеле

Месечината има фундаментална улога во човечката култура. Голем број филмови и литературни дела се инспирирани од нејзината мистичност. Ние ја користиме месечината за да ги предвидиме нашите астролошки судбини, да ја одредиме иднината на вселенските патувања и да измислиме нови митолошки суштества. Но, исто така честопати разговараме за мистериите поврзани со неа и постојано дознаваме нови и интересни информации. Во продолжение прочитајте ги 5-те необични работи за месечината кои веројатно не сте ги знаеле…

1. Луѓето илјадници години се расправале за тоа како месечината функционира

(1) 5 интересни факти за месечината кои веројатно не сте ги знаеле

Луѓето го набљудувале ноќното небо и поставувале свои теории за космосот уште од почетоците на нивното постоење, но филозофите од класичниот период имале многу интересни идеи за тоа каква функција има месечината, од што е направена и како функционира. Аристотел верувал дека таа е совршено мазна, како топче за билјард, затоа што според дефиниција небесните тела морале да бидат совршени. Според некое теории, месечевата површина била толку мазна што ги рефлектирала нештата од Земјата.

Појавата на телескопот ставила крај на сите тие хипотези бидејќи Галилео Галилеј нагласил дека одблиску месечината била нерамна и целата со испакнатини, како резултат од влијанието на кометите. Но, римскиот писател Плутарх напишал цел дијалог за „лицето на месечината“ во кој ги исмевал луѓето кои мислеле дека таа е топка од воздух и оган и изјавил дека неправилностите на нејзината површина биле последица од моментот кога дупките биле удирани од сончевата светлина.

2. Едно од првите научнофантастични дела било напишано за неа

(2) 5 интересни факти за месечината кои веројатно не сте ги знаеле

Првото научнофантастично дело во историјата било напишано од страна на грчкиот писател и сатиричар Лукијан, кој напишал неверојатно парче фикција во вториот век, каде опишал едно интересно патување до месечината. Според Лукијан, ликовите биле заглавени во втрлог кој ги подигнал до месечината каде што се сретнале со мажи кои се возеле на џиновски птици грабливки и огромни болви. Сите тие служеле во војната помеѓу кралевите на сонцето и месечината. Замислата на цивилизацијата на месечината според Лукијан е малку загрижувачка. Тие јаделе само жаби и сите жители можеле да си ги извадат очите доколку сакаат. Ова е навистина чудно литературно дело кое ја прикажува месечината на сосема необичен начин.

3. Големата измама за месечината во 1835 година ги натерала луѓето да поверуваат дека таа е населена

(3) 5 интересни факти за месечината кои веројатно не сте ги знаеле

Во 1835 година весникот „New York Sun“ објавил низа статии со детални описи на месечевите откритија од страна на сер Џон Хершел, син на познатиот астроном Фредерик Хершел. Новинарите од овој весник објавиле секакви смешни откритија, наводно откриени од страна на Хершел додека ја набљудувал месечината со телескоп при што видел огромни лилјаци во човечка форма, сини кози и еднорози. На нивно големо изненадување, читателите многу сериозно ги сфатиле овие статии. Била испратена цела делегација на научници за да истражат и весникот морал да објави убаво објаснување дека се работело за сатира. Овој настан станал популарно познато како големата измама за месечината.

4. Двајца руски научници тврделе дека месечината е вселенски брод на вонземјаните

(4) 5 интересни факти за месечината кои веројатно не сте ги знаеле

Многу луѓе веруваат дека месечината е всушност планета, но оваа идеја не е универзално прифатена. Мал број набљудувачи поддржуваат една од најчудните теории во астрономијата според која месечината е вселенски брод кој служи за опсервација на Земјата од страна на вонземјаните. Оваа идеја за прв пат била предложена од руските научници Михаил Васин и Александар Шербаков во 1970 година и според неа месечината била креација на вонземјанска интелигенција која орбитира околу Земјата без причина. Еден од нивните најголеми докази било тоа дека кратерите на месечината се плитки, што значи дека тие удираат во некој многу густ материјал, како на пример во внатрешна школка која ја изградиле вонземјаните за да бидат недопирливи.

5. Би можеле да ја колонизираме месечината до 2022 година

(5) 5 интересни факти за месечината кои веројатно не сте ги знаеле

Во 2015 година била предложена нова револуционерна идеја за колонизација на месечината. За таа цел би се искористиле различни елементи од површината на планетата за да се претворат во гориво, по што тоа гориво би се искористило за обновливи ракети со кои луѓето би можеле да патуваат од едно на друго место на месечината. Ова било всушност предлог на НАСА, кои процениле дека ќе им биде потребен буџет од околу 100 милијарди долари за да ја спроведат идејата. Но, тие успеале да го направат предвиденото за само 10 милијарди долари и изјавиле дека веројатно би можело да се случи до 2022 година. Планот најпрво би вклучувал 10 луѓе и нивната бројка би пораснала на 100 жители до 2032 година. Опремата би работела на соларна енергија, а храна би се произведувала со претворање на човечкиот отпад во ѓубриво. 3Д принтери би можеле да создаваат нови алати и други потребни предмети кои не можеле да стигнат таму со првото патување. Иднината на месечината се базира на идејата за рециклирање, само што во овој случај не би ја спасувале Земјата туку би истражувале една сосема нова површина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар