6 невообичаени навики на спиење ширум светот

Сподели

Најчесто, најтешката одлука што треба да ја донесете е дали ќе спиете на грб или на стомак. Но, како спијат народите ширум светот? Интересно е што се открило дека чинот на спиење е силно поврзан со културата, традицијата и навиките на тие народи. Прочитајте за следниве 6 изненадувачки навики на спиење кои се практикуваат ширум светот.rn

Реклама

1. Јапонија: Дневна дремка за напредок во кариерата

rnЈапонците културната традиција за дремење на работното место ја нарекуваат инемури, што во превод значи „да спиете додека сте присутни“. Оваа практика не е табу тема и всушност покажува дека личноста е уморна од напорната работа. Една причина за ова може да биде тоа што Јапонците спијат најмалку од сите народи во светот, односно само 6 часа и 22 минути во просек.

Дневните дремки можат да го подобрат квалитетот на вашата работа. Истражувањата покажуваат дека дремката ве прави покреативни и повеќе фокусирани.rn

2. Велика Британија: Без пижами

rnПовеќе од една третина од Британците спијат голи. Оваа пракса носи многу придобивки, како подобра регулација на температурата на телото и секако подобро поврзување со вашиот партнер.rn

3. Австралија: Спиење во група

rnЕден научник од Универзитетот во Сиднеј вели дека спиењето во група е „културна привилегија“ во заедниците на Абориџините. Луѓето секогаш спијат во друштво на други луѓе. Креветите или душеците се наместени во редови и колони, така што треба да ги штитат ранливите категории, како децата и старите луѓе. Што значи тие спијат во средината, додека посилните возрасни луѓе спијат на краевите. Мирот што произлегува од чувството на заштита и сплотеност е многу важен за добро да се наспиете.rn

4. Мексико: Спиење во лулка

rnЛулките често се користат во Мексико, а оваа навика потекнува од колонијалните времиња. Многу луѓе ги преферираат лулките пред креветите, но не постои вистински доказ дека спиењето во лулка е подобро.rn

5. Боцвана и Заир: Без распоред

rnАнтропологот Керол Вортман вели дека во модерните племиња кои се занимаваат со лов, како што се племето Кунг во Боцвана или Ефе во Заир, спиењето е флуидна состојба. Луѓето од овие племиња спијат кога чувствуваат дека имаат потреба од спиење. Во текот на денот, попладне или навечер, сè зависи од потребите на нивното тело, а не од однапред одредениот период во денот како што се случува со луѓето од поголемиот дел од светот.

Специјалистите за лекови за спиење велат дека кога спиете само кога сте уморни, вие подобро се одморате и ја избегнувате анксиозноста од спиењето.rn

6. Индонезија: Спиење од страв

rnЗабележано е дека луѓето од Индонезија често доживуваат нешто кое се нарекува „спиење од страв“. Во стресни ситуации тие инстантно паѓаат во тежок сон, а оваа практика научниците ја сметаат за културолошка придобивка. Индонезијците веруваат дека спиењето го намалува или целосно го ослободува телото од стравот.

Од горните примери можеме да заклучиме дека спиењето не е само биолошка потреба. Тоа е длабоко вкоренето во нашите култури, животен стил и навики. Ако ништо друго, земете пример од овие методи и спијте како што сакате и толку долго колку што ви е потребно за да се наспиете.

Популарно

Може ќе ве интересира