5 летни митови во кои нема ниту трошка вистина

5 летни митови во кои нема ниту трошка вистина

Летните мудрости како „не пливајте на полн желудник“ се правилник на однесување до кои многумина се придржуваат без никакво размислување. Но, науката ни покажува дека во овие мудрости нема никаква вистина, додека пак некои од нив можат и лошо да влијаат врз нашето здравје. Погледнете за кои станува збор…

5 летни митови во кои нема ниту трошка вистина

1. Потопувањето рана во солена вода ќе поттикне побрзо зарастување

Една од мудростите кои често ги слушаме од постарите генерации е всушност голема невистина. Специјалистите велат дека постојат рани на кои солената вода им помага побрзо да зараснат, но тоа се оние кои се длабоки и нечисти и на кои би им требало навистина долго време да зараснат. Но, кога станува збор за малите повреди, не е добро да ги изложувате на солена вода бидејќи таа ќе ги нагризе и ќе го отежни нивното подобрување.

2. Заштитниот фактор 30 е двојно посилен од заштитниот фактор 15

И покрај тоа што изгледа сосема логично да се дојде до овој заклучок, сепак тој не е вистинит. Ознаките за заштитниот фактор се всушност мерени во лабораториски услови. Дури и покрај тоа што факторот 30 ќе ве заштити повеќе од 15, како и 50 повеќе од 30, не станува збор за премногу големи разлики и за максимална заштита на кожата. Токму затоа треба да се придржувате до советите од докторите кои препорачуваат да не се излегува на сонце за време на критичните периоди во денот.

3. Белата маица може да ја замени кремата за сончање

Најчесто оние личности кои се исклучително бели решаваат да се заштитат од штетните УВ зраци од сонцето така што ќе облечат само бела маица, но таа не е доволна. За најголема заштита, потребно е покрај маицата да се намачкате и со крема за сончање. Експертите велат дека во периодот помеѓу 11 и 15 часот, доколку се движите на сонце, секогаш носете бела маица во комбинација со заштитен фактор. Ова правило особено се однесува на децата. Исто така кожата која е веќе потемнета не е доволна за заштита, па затоа дури и тогаш користете заштитен фактор.

4. Пливањето со полн желудник е штетно

Влегувањето во вода веднаш по јадењето долго време се сметало за опасно поради ризикот од болки и грчеви во стомакот. И покрај тоа што работата на желудникот може да ви го намали вашето уживање во пливањето, таа не ви се испречува на патот. Но, ако имате проблеми со срцето или со циркулацијата, тогаш секое нагло влегување во вода би можело да ви направи проблем. Ако сте млади и здрави, можете слободно да пливате дури и додека јадете.

5. Минатогодишната крема за сончање со заштитен фактор може да се искористи и оваа година

Доколку ви останала крема за сончање од минатото лето, слободно фрлете ја бидејќи нејзиниот рок на траење има 1 година од денот кога е отворена, под услов да ја чувате на суво и ладно место. Дури и ако рокот ѝ се уште валиден, сепак нејзината ефикасност може да биде намалена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар