8 причини зошто ви доцни месечниот циклус (доколку не сте бремени)

8 причини зошто ви доцни месечниот циклус (доколку не сте бремени)

Освен ако не се обидувате да забремените, редовниот месечен циклус е истовремено и добра и лоша вест. Од една страна вие мора да се соочувате со силни грчеви, надуеност и промена на расположението, додека пак, од друга страна, барем знаете со сигурност дека не сте бремени. Токму затоа доколку ви доцни во период кога бебето не ви е на врвот од вашата агенда, вие сигурно веднаш почнувате да паничите. Но, бременоста не е единствениот фактор кој влијае на доцнењето…

8 причини зошто ви доцни месечниот циклус (доколку не сте бремени)

1. Болест

Ненадејна и кратка болест, или пак некои видови хронични болести можат да влијаат врз одложувањето на вашиот циклус. Ова најчесто е моментална состојба, но сепак добро е да се консултирате со гинеколог со цел да откриете кога вашиот циклус ќе ви се врати.

2. Промена во распоредот

Драстичните промени во распоредот можат навистина да го нарушат вашиот внатрешен часовник. Ова особено се случува кога ќе го смените работното време од дневно во ноќно. Исто така доколку постојано работите во смени и имате проблеми со циклусот, обидете се да се изборите за постојана смена бидејќи на тој начин ќе можете да го решите овој проблем полесно.

3. Прекумерна тежина

Прекумерната тежина може да влијае врз вашите хормони така што вашиот циклус може да доаѓа на неколку месеци или пак, целосно да сопре. Повеќето жени се враќаат во нормала кога ќе изгубат неколку килограми, дури и ако сè уште имаат прекумерна тежина.

4. Премала тежина

Доколку немате доволно маснотии во телото вие со сигурност нема да имате редовни циклуси, а понекогаш може да се случи и тие целосно да престанат. Најчесто со зголемувањето на тежината може и да го вратите вашиот циклус. Овој проблем е најзастапен кај алетите и жените кои вежбаат премногу.

5. Неправилности со тироидната жлезда

Оваа жлезда која се наоѓа во вашиот врат е одговорна за регулација на вашиот метаболизам. Таа исто така е поврзана и со многу други системи во вашето тело. Па, доколку страдате од било каков вид нарушување на нејзиниот баланс, големи се шансите дека тоа ќе има влијание и врз вашиот месечен циклус.

6. Полицистични јаници

Станува збор за нерамнотежа во хормоните која настанува поради недостаток од овулација и која резултира со нарушено ниво на естроген, прогестерон и тестостерон. Други симптоми за овој синдром вклучуваат појава на влакна на лицето и градите, потешкотии при губење тежина и потенцијални проблеми со неплодноста.

7. Погрешно пресметување

Менструалниот циклус варира од жена до жена. И покрај тоа што за просечен циклус се смета оној кој трае 28 дена, тоа не е вистинито за сите. Понекогаш ние мислиме дека нашиот циклус доцни, но всушност не сме го откриле неговото вистинско траење. Доколку имате нередовен менструален циклус, но знаете кога е вашата овулација, тогаш очекувајте да добиете за околу 2 недели подоцна. Ова може полесно да ви помогне да откриете кога треба да го очекувате вашиот циклус.

8. Менопауза

Менопаузата е оној момент во вашиот живот каде што повеќе нема да имате овулација и менструација. Исто така, периодот пред менопаузата може да се карактеризира со нередовни циклуси, послаби или посилни, почести или поретки кои на крај завршуваат со целосно нивно сопирање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар