Претходно
Зухаир Мурад – Колекција „Haute Couture“ пролет 2014
Датум: 26 јан 2014
Коментари: 0
Дизајнерот Зухаир Мурад пораснал во Балбек, Либан. Уште од најмали години тој сонувал да го освои светот на фантазијата, а со цртањето фустани започнал кога имал само 10 години.
„Не се сеќавам на ниту еден ден во мојот живот кога не сум држел молив во мојата рака,“ вели тој.
Денес тој работи во срцето на Бејрут, но неговите неверојатни креации се познати низ целиот свет. Погледнете ја колекцијата на Мурад за висока мода која се очекува оваа пролет да се најде во продажба.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.