Зошто заслужувате да се ставите на прво место?
Општеството ја гледа дарежливоста како добрина, а себичноста како некое зло. Но, понекогаш забораваме дека фокусирањето на нашето ментално и физичко здравје е должност, а не себичност. Љубовта кон себе доаѓа однатре. Тоа не е масовна социјална стигма одредена од емоциите на другите, туку начин на размислување.
Морате да ѝ дозволите на добрината да ја култивира вашата душа. Престанете да задоволувате потреби. Престанете да се грижите без да го побараат тоа од вас. Престанете да им помагате на сите скршени.
Запрашајте се: Кој е овде за мене кога ми треба лекување? Кој е овде за мене кога ми е потребен некој?
Кога другите луѓе ви се приоритет, вие сте фрлени во најтемниот агол. Луѓето забораваат на вас кога вие заборавате на себе.
Потребна е храброст да го промените фокусот од луѓето кои ве опкружуваат кон личноста која ве гледа од огледалото. Потребна е сила да го следите патот на независноста и самооткривањето. Потребна е посветеност да се ослободите од токсичните одлики и лошите навики.
Во човечката природа е да верувате дека грижата за туѓите потреби и емоции пред вашите ве прави добра личност. Исто во вашата природа е да верувате дека запоставувањето на туѓите потреби и емоции ве прави лоша личност.
Знаете што? И вие сте важни. И вие заслужувате да се ставите на прво место.
Па, најдете ја вашата страст. Бидете слободни. Најдете ја вашата среќа и не ја пуштајте.
Пронајдете се себеси. Изградете се. Посадете семе. Грижете се за него и гледајте го како расте. Гледајте како водата продира во почвата. Гледајте како сонцето го осветлува вашиот род. Престанете да ја делите водата сред суша. Престанете да се криете во сенка.
Растете, развивајте се, учете. Ценете ги стабилните и силни корени. Деликатните ливчиња и убавите цветови. Вие сте единствени. Вие сте ремек-дело. Вие заслужувате да се ставите на прво место.
Погледнете ги и 5-те причини поради кои треба да се ставите на прво место.