Зошто во зима треба почесто да се бањате во када?

Зошто во зима треба почесто да се бањате во када?

Ја поминуваме целата зима обидувајќи се да ги избегнеме настинката и грипот. Ги миеме рацете на секои 10 минути, пиеме многу вода, топло се облекуваме… Но, единствената работа која ја занемаруваме во зима, а никако не би смееле е потењето!

1-zoshto-vo-zima-treba-pochesto-da-se-banjate-vo-kada-www.kafepauza.mk_

Да, со потењето природно ги исфрламе токсините од телото како што се солите, амонијакот, минералите и металите, а со оглед на тоа дека во лето оваа појава е многу почеста отколку во зима, токму поради тоа сме и поздрави. Освен ако неколкупати неделно не се потите добро во теретана, големи се шансите дека во зима не се потите доволно, поради што сте подложни на настинка и грип.

Не грижете се, ние имаме едноставно решение за овој голем проблем – врели купки! Така вашето тело многу повеќе ќе се поти кога надвор е ладно. Практично, идејата е со лесно потење, односно со опуштена купка да го замените потењето кое инаку природно би се случило во лето. Сауната и парната бања, исто така може да бидат добар избор, но доколку имате сува кожа ќе треба да ставите многу масло на кожата.

Затоа слободно запалете свеќи, наполнете ја кадата и уживајте во наједноставното потење досега!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар