Зошто високите потпетици се вистинскиот избор за вас?
Изборот на чевлите е една од најголемите дилеми на секоја жена. Почнувајќи од тоа која боја ѝ одговара на облеката, до тоа дали да одбере рамни или чевли со високи потпетици, одлуката е сѐ потешка. Можеби одењето на балетанки или во патики е побезболно, но еве неколку причини зошто сепак треба да се одлучите за високи потпетици:
Високите потпетици ја зголемуваат вашата самодоверба
Кај сите нас постои мал проблем со самодовербата кога станува збор за физичкиот изглед и убавината. Високите потпетици решаваат дел од овој проблем со тоа што ќе направат жената да се чувствува секси и убаво. Моќта на чувството дека го привлекувате вниманието на секој маж во просторијата е непроценлива за подигање на вашата самодоверба.
Високите потпетици ве прават повисоки
Дали поради тоа што машкото е повисоко од вас или, пак, едноставно се обидувате да додадете некој сантиметар за лично задоволство, ова е една од поважните причини зошто жените носат високи потпетици.
Високите потпетици прават да изгледате поелегантно и пософистицирано
Без разлика дали се работи за вечерна забава, состанок на работа или кафе-прошетка низ центарот на градот, соодветните високи потпетици совршено го дополнуваат парчето облека за кое сте се одлучиле.
Високите потпетици ги издолжуваат вашите нозе и ве прават послаби
Ова е една од предностите на високите потпетици. Дали се тоа 5-6 см повеќе или можеби и 15, високите потпетици ги издолжуваат и истенчуваат вашите нозе и визуелно одземаат некој килограм од вашата тежина, па крајниот резултат е дека изгледате фантастично.
Високите потпетици го подобруваат држењето на вашето тело
Постојат многу дискусии за тоа дали да се носат високи потпетици или рамни чевли. Факт е дека доколку одите правилно на високи потпетици, тие не само што ќе го подобрат вашиот став и изгледот на целото ваше тело, истовремено ќе придонесат да стоите и одите исправено.