Зошто вашето бебе го плази својот јазик?
Иако бебињата може да изгледаат симпатично додека го држат својот јазик исплазен, родителите, поради таквата појава, честопати се грижат за нивното здравје. За среќа, во повеќето случаи, овој вид на однесување е сосема нормално. Така доенчињата комуницираат со светот или ги изразуваат своите потреби. Но, родителите сè уште треба да внимаваат на нив, за да можат веднаш да забележат какви било знаци за предупредување.
Во вој текст откријте што бебињата се обидуваат да ни кажат преку овој гест.
1. Тоа е гладно
Бебињата имаат силен рефлекс за цицање и плазењето на јазикот може да биде начин на кој кажуваат дека е време за јадење. Бебињата обично започнуваат да плачат веднаш штом се чувствуваат гладно, па некогаш претходно се обидуваат да им дадат на своите родители посуптилни навестувања. Можеби ќе се обидат да ги стават рацете во уста, да шлапкаат со устата или да се навалуваат кон градите или шишето.Значи, плазењето на нивниот јазик може да биде само инстинкт искажување на потребата од храна.
2. Тоа е сито
Бебињата може да ги плазат своите јазици за да покажат дека не сакаат повеќе да јадат. За ова ситуација да се разликува од ситуацијата претходно, родителите треба да обрнат внимание на говорот на телото на бебето. Ако детето се обиде да се повлече, изгледа иритирано, па дури и почнува да плаче, покажува дека веќе е нахрането.
3. Така само си игра
Од рана возраст, бебињата ги имитираат изразите на лицето на луѓето околу нив. Можеби тоа го гледаат како некаква игра, особено ако возрасните веќе им покажале некои гестови. Плазењето на јазикот може да биде начин на бебето за започнување игра и воспоставување комуникација со другите луѓе. Оваа интеракција е одличен начин за промовирање на блискост и интимност со детето
4. Покажува дека не е подготвено за цврста храна
Додека педијатрите велат дека може да започнете да им давате цврста храна на бебињата откако ќе наполнат 6 месеци, некои деца можеби сè уште не се подготвени за таква драстична промена во нивната исхрана. Па можеби го плазат својот јазик за да ја истуркаат храната. Овој инстинкт спречува бебето да се загуши од храна ако нивната орална координација сè уште не е доволно добра за да јаде цврсти материи. Но, ако бебето постојано одбива да јаде цврста храна, подобро е да се посети лекар за да се отстрани ризикот од евентуални здравствени проблеми.
5. Можеби дише преку устата
Како по правило, бебињата вдишуваат и издишуваат низ носот. Но, во некои ситуации, на пример, кога бебето е настинато или има потечени крајници, тоа може да предизвика бебето да дише низ устата. И како резултат на тоа, да го исплази својот јазик. Ако забележите дека вашето бебе има проблеми со дишењето или прави невообичаени звуци, подобро е веднаш да се консултирате со лекар.
6. Можеби имаат некои здравствени проблеми
Иако можеби е сосема природно за бебињата да го плазат својот јазик, понекогаш тоа може да укаже на некои здравствени проблеми како што се болки поради гасовите во стомачето или лош тонус на мускулите. Ако забележите дека вашето дете го плази својот јазик повеќе од вообичаено, премногу се гуши или делува чудно, подобро е да посетите лекар за да бидете сигурни.
Можеби сакате да ги прочитате и 7-те мисли што родителите ги имаат додека нивното бебе спие.