Зошто треба да заборавите на сите планови и да се преселите во градот од соништата?

Зошто треба да заборавите на сите планови и да се преселите во градот од соништата?

Кога постојано се замислувате во градот од соништата, без разлика дали сте будни или спиете, добивате чувство како навистина да припаѓате таму. Тоа чувство е толку силно што дури и душата ви ја грее. Но, кога станува збор за преселување и започнување на животот одново на ново место, особено ако градот е далеку од онаму каде што сега живеете, едноставно не постои потешка одлука. Без разлика колку посакувате да сте таму.

zoshto-treba-da-zaboravite-na-site-planovi-i-da-se-preselite-vo-gradot-od-sonishtata

Постојат многу непознати фактори за животот во сосема нов град или држава. И иако тоа може да биде застрашувачко на почетокот, ако погледнете на долг рок, поголеми се шансите да се каете дека никогаш не сте пробале да ја прифатите шансата. Ако добро размислите, никогаш не е доцна за промена, но колку порано излезете од вашата удобна зона толку повеќе време ќе имате да уживате во придобивките од овој чекор.

Едноставно престанете да размислувате и почнете да делувате. Препуштете се целосно на визијата што ја имате и почнете да го живеете животот што владее со вашите соништа. Ќе се изненадите од ефектот што оваа одлука ќе ја има на вас.

1. Ќе се каете ако не го сторите тоа

Младите години се полни со амбиција, порив и соништа. Ако и тогаш ги игнорирате вашите соништа, со тек на време можете да соберете многу причини за каење – а верувајте, не сакате да се најдете во ваква ситуација. Времето за никого не запира, а не дозволува ни да се вратите назад. Па, ако не делувате, ништо нема да се смени.

2. Ќе запознаете многу нови луѓе

Замислете колку би било неверојатно ако имате пријатели во вашиот град од соништата? Дури и ако не успеете да останете таму засекогаш, барем ќе имате пријатели по кои ќе го помните (и кои во секое време ќе можете да ги посетите). Исто така, нема подобар начин да го доживеете градот во целост без луѓе што се родени таму.

3. Ќе научите да им верувате на инстинктите

Луѓето се суштества со рутини. Овој начин на живот може да предизвика згаснување на интуицијата која е клучна за преживување. Токму затоа и само кога ќе ги отфрлите сите стари планови и ќе се впуштите во авантура без никакви граници, вие ќе научите како да си верувате себеси и на својата интуиција.

4. Ќе престанете да ги потценувате соништата

Кога ќе го остварите вашиот најголем сон, вие ќе почнете да се чувствувате незапирливо. Во тој момент и ќе престанете да си ги редите соништата во фиоки и ќе почнете да сонувате уште поголеми и посмели нешта. Претворањето на соништата во реалност ќе ви помогне да ги цените уште повеќе.

5. Ќе ја сфатите моќта на независноста

Кога ќе сфатите дека сте сосема сами во градот од вашите соништа, вие ќе почувствувате неверојатна сила во себе, нешто што досега можеби и не сте знаеле дека го поседувате. Токму тоа е независноста што може да ви помогне да се претворите во неверојатна личност што ништо не може да ја сопре на патот до своите цели.

6. Ќе ја најдете и работата од соништата

Градот од соништата најчесто ја содржи и работата од соништата. Откако ќе излезете од вашата удобна зона, веќе ништо нема да може да ве сопре да бидете најдобри во сè што правите – ова ја вклучува и кариерата. Со оглед на тоа што ќе мора да почнете од почеток, шансите ќе ви доаѓаат од сите страни, а на вас останува само да ги искористите.

7. Ќе станете инспирација за другите

Иако ова преселување го правите за себе и за својата среќа, нема да можете да го сопрете влијанието што ќе го имате на најблиските и на познајниците. Со вашата храброст ќе инспирирате уште многу луѓе да ги следат своите соништа, без разлика за што им се. Нема подобро чувство од тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар