Зошто треба да си ја следите интуицијата?

Зошто треба да си ја следите интуицијата?

Има моменти во животот кога интуитивно знаеме што треба да направиме и кон што треба да целиме, но понекогаш ги игнорираме таквите чувства и решаваме да дејствуваме разумно. Еве зошто тоа не треба да биде така и зошто треба почесто да ја следите интуицијата.

Зошто треба да си ја следите интуицијата?

Пронаоѓање на вистинската личност

Кога станува збор за љубовта, лесно може да потпаднете под влијанието на другарите/другарките и да ги следите единствено советите кои тие ви ги даваат. Колку пати ви се случило да излегувате со некого за кој/а тие мислат дека е супер за вас, а на крајот излегува сосема спротивното? За да ги избегнете таквите ситуации во иднина, престанете да се фокусирате на тоа што другите го мислат и послушајте што има да ви каже интуицијата. Таа сигурно ќе ви го покаже патот кон вистинската личност.

Професионална исполнетост

Со следењето на интуицијата ќе почнете да ги следите и сопствените страсти и ќе градите кариера што вистински ве исполнува, а не ви претставува измачување. Само треба да ги почувствувате и следите сигналите и да верувате во себеси.

Истражување на светот

Додека сѐ уште имате време, истражете го светот и пронајдете го местото каде најубаво се вклопувате и кое најубаво ви одговара. Интуицијата самата ќе ви покаже каде треба да се движите бидејќи таа веќе знае каде вистински припаѓате или барем, кои места би требало да ги посетите.

Целосно искористување на потенцијалите

Успехот не доаѓа со седење и чекање. Младоста е период од животот кога најмногу треба да преземате ризици и да ги остварувате зацртаните цели. Потребна е храброст да се почне, но подоцна таквиот потег секако ќе ви се исплати. Вашата интуиција ќе се погрижи правилно да ве насочи на она место каде ќе бидете во можност максимално да ги покажете своите потенцијали и да напредувате како личност.

Себепочитување

Ако животот ви се базира на постојано следење на советите од другите, ќе се претворите во личност која воопшто нема да ја сакате и почитувате еден ден. Вашата интуиција веќе сигурно знае што ви е потребно. Доколку научите да ги препознавате таквите сигнали, веројатно е дека ќе бидете многу поисполнети и позадоволни од себеси. Затоа, не ги задушувајте таквите чувства со силата на разумот и дозволете ѝ на интуицијата да ви покаже што е најдобро за вас.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар