Зошто треба да се вљубите во девојка која сака да пишува?

Зошто треба да се вљубите во девојка која сака да пишува?

Најдобрата врска во вашиот живот ќе биде таа што ќе ја започнете со девојка која ги запишува своите чувства во дневник или пак ги претвора во поезија. Станува збор за девојка која не се плаши од тајните на своето срце. Девојка која има силен глас и знае дека нејзините мисли вредат. Тоа е девојка која знае дека вреди.

Зошто треба да се вљубите во девојка која сака да пишува?

Вљубете се во девојка која сака да пишува, бидејќи таа секогаш обрнува внимание и на најситните детали. Таа ќе забележи кога ќе ја смените фризурата, кога ќе облечете нова маица, кога ќе си ја средите брадата и кога ќе бидете вознемирени. Нејзе ништо не може да ѝ побегне. Таа ќе може да ви ги прочита мислите.

Вљубете се во девојка која сака да пишува, бидејќи таа е страсна. Вие нема да бидете единствената причина зошто таа се буди наутро. Точно е тоа дека многу ќе ѝ значите и дека ќе биде благодарна што ве има во животот. Но, вие нема да го сочинувате целиот нејзин свет. Таа има многу обврски и нема време да седи и да ги чека вашите пораки. Таа е зафатена и продуктивна.

Вљубете се во девојка која сака да пишува, бидејќи таа знае да сонува. Таа презема ризици и верува во втори шанси. Таа сѐ уште не се откажала од себе, а нема да се откаже ни од вас.

Вљубете се во девојка која сака да пишува, бидејќи таа е отворена кон нови искуства. Таа секогаш е подготвена за нови авантури, бидејќи посетата на нови места и правењето нови работи ќе ѝ дадат инспирација за пишување. Таа знае да биде спонтана и непредвидлива. Нејзиниот живот никогаш не е здодевен. Таа никогаш не прифаќа помалку од она што го заслужува.

Вљубете се во девојка која сака да пишува, бидејќи таа е интелигентна. И покрај нејзиниот авантуристички дух, таа секогаш размислува два пати пред да преземе акција. Таа размислува за секој можен пат во нејзиниот живот и никогаш не донесува избрзани одлуки. Таа попрво ќе го направи она што е правилно одошто да го избере полесниот пат.

Вљубете се во девојка која сака да пишува, бидејќи таа е романтична. Таа верува во вистинска љубов. Таа верува дека може да му се посвети само на еден човек. Таа верува дека треба да го почитува и разбира партнерот.

Вљубете се во девојка која сака да пишува, бидејќи таа секој ден ќе ви пишува колку многу ѝ значите. Таа знае како да ги користи зборовите. Можеби нема да знае како да ви каже „те сакам“ во лице, но секогаш ќе ви праќа слатки пораки за добро утро и ќе ви ги пишува најубавите роденденски честитки. Таа ќе знае како да ги преточи нејзините чувства во зборови, колку и да се необјасниви и необични.

Вљубете се во девојка која сака да пишува, бидејќи таа има цел. Таа знае која е. Таа знае што сака и никогаш нема да се сомнева во нејзините чувства кон вас. Девојката која сака да пишува ќе ви го направи животот толку волшебен што ќе ви се чини дека живеете во бајка. Чувајте го нејзиното срце!

Доколку се согласувате со овој текст, прочитајте ги и следниве 11 причини зошто треба да бидете во љубовна врска со писател.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар