Зошто треба да пробате купка од овес?

Зошто треба да пробате купка од овес?

Овесот има бројни придобивки кога станува збор за нега на тело и кожа. Често се користи во бањи затоа што ефикасно ја чисти кожата. Овесните снегулки помагаат при сува кожа, ја враќаат природната влага во вашето тело и ги ублажуваат непријатностите и чешањето.

Производите за нега подготвени од овесни снекулки ефикасно ја чистат нечистотијата од горниот слој на кожата и ги отстрануваат несовршеностите. По третманот со овесни снекуглки, вашата кожа ќе биде мазна, сјајна и мека на допир.

Зошто треба да пробате купка од овес?

Купката од овес е многу лесна за подготовка. За почеток, потребен ви е „прашок“ од овес, кој можете сами да го подготвите со ставање овес во блендер за неколку секунди. Потребна ви е топла вода за оваа купка, но внимавајте да не ја направите премногу топла или премногу студена, бидејќи тоа ќе ја поништи ефективноста. Пожелно е прашокот да се наоѓа директно под чешмата додека се подготвува бањата, бидејќи подобро се меша со вода и не се собира на дното на кадата. Водата треба полека да добие млечна, кремаста текстура – кога ќе го забележите овој ефект, вашата бања е подготвена. Купката од овес не само што ефикасно го релаксира и ослободува од стресот, туку има и лековити својства – ја смирува иритираната кожа и помага при изгореници од сонце.

Од овес можете да подготвите и пилинг за тело, кој се користи за време на бањата. Бидејќи овие житни култури ја чистат кожата, дури и не ви треба сапун по третманот. За пилинг, потребни се јогурт и овесни снегелуки, во количини што проценувате дека се доволни за целото тело. Заради пропорција, на половина литар јогурт, ви треба половина чаша овесни снегулки – во форма на зрна или погруб прав. Измешајте ги овие две состојки, и оставете ја смесата во фрижидер два часа.

На овој начин ќе добиете густа паста која се нанесува на целото тело, со исклучок на лицето – кожата е преосетлива. Оставете пилингот да отстои две минути, а потоа исплакнете го со топла вода. Пилингот од овесни снегулки ги чисти и ги отстранува запушените пори, и ефикасно ја обновува кожата.

За олеснување на чешањето кај сипаницата, се препорачува да се користат благи, природни препарати кои се нанесуваат локално за да не се оштети тенка и чувствителна кожа. Овесот денес се смета за многу интересна состојка поради многуте позитивни карактеристики на дејството врз кожата, а особено го нагласува неговиот корисен и смирувачки ефект. Покрај тоа, овесот има дермопротективно и антиинфламаторно дејство.

Дали веќе го пробавте овој трик за поубава коса што ги запали социјалните мрежи?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар