Зошто треба да престанете да се грижите за тоа дали другите луѓе ги одобруваат вашите одлуки или не

Зошто треба да престанете да се грижите за тоа дали другите луѓе ги одобруваат вашите одлуки или не

Свесно или потсвесно, понекогаш се грижиме за одобрувањето на луѓето, особено на оние блиски до нас, како нашите родители, пријатели и партнерот. И тоа е во ред затоа што тоа понекогаш може да ни биде показател дека сме ја направиле вистинската работа. Но, она што не е во ред е кога премногу се грижите за тоа што мислат другите луѓе. Во продолжение прочитајте зошто не треба да се грижите за туѓото одобрување.

Зошто треба да престанете да се грижите за тоа дали другите луѓе ги одобруваат вашите одлуки или не

1. Во ред е доколку не им се допаѓате на сите

Да, неверојатно е чувството кога сите ве сакаат и сакаат да поминуваат време со вас. Но, во исто време, сосема во ред е ако не на некои луѓе не им се допаѓа вашата личност. Сакајте се себеси такви какви што сте и не грижете се за одобрувањето на луѓето.

2. Вашата среќа не зависи од другите луѓе

Имајте на ум дека обидот да им угодите на другите со тоа што ќе се трудите да бидете добри и љубезни може да биде ментално и емоционално исцрпувачки. Вистината е дека секогаш ќе има некој што нема да ве сака, без разлика колку напорно се трудите. Во вакви ситуации, запомнете дека вашата среќа не зависи од другите, а не треба ниту да им ја давате таа моќ. Вашата среќа и вредност треба да потекнуваат од вас, бидејќи само така можете да живеете среќен и исполнет живот.

3. Престанете да се обидувате да контролирате како другите луѓе ве доживуваат

Обидот за контролирање на она што другите го мислат за вас, како тие ве гледаат и доживуваат и дали им се допаѓате како личност или не, не се работите на кои треба да се фокусирате во вашиот живот. Колку повеќе се опседнувате со тоа каква слика ќе оставите пред другите луѓе, толку понесреќни ќе бидете во животот.

4. Ќе сфатите што претставува внатрешниот мир

Кога не се грижите за одобрувањето на луѓето, конечно разбирате какво е чувството да имате вистински внатрешен мир. Кога ќе ги оставите мислењата, очекувањата и одобрувањето на луѓето, конечно ќе ги скршите сите окови кои ве спречуваат да живеете среќен и исполнет живот.

5. ВАШЕТО одобрување и мислење се единствените важни нешта

Единственото нешто што е важно е што мислите за себе, важно е ВАШЕТО одобрение, а не туѓото. Во моментот кога ќе почнете да се сакате себеси, повеќе нема да се грижите за тоа како другите ве доживуваат и какви мислења имаат за вас. Ќе сфатите дека мислењата на другите никогаш не биле важни, важно е што чувствувате и размислувате за себе. Откако ќе стигнете до оваа точка, ќе се чувствувате слободни. За да живеете среќен, исполнет и мирен живот, важно е да се сакате себеси и да се однесувате љубезно кон себе. Самољубието и самоприфаќањето се единствените работи што ќе ви донесат внатрешен мир. Бидете си вашата единствена потпора и на тој начин ќе увидите колку сте навистина силни!

Откако прочитавте зошто треба да престанете да се грижите за туѓото одобрување, можби ќе сакате да ги прочитате и 5-те причини поради кои не треба да се грижите за туѓото одобрување.

Извор: themindsjorunal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар