Зошто треба да престанете да ја барате љубовта?

Зошто треба да престанете да ја барате љубовта?

Љубов. Нешто што сите го посакуваат. Нешто што сите го бараат. Љубовта е единствената магија во нашите мрачни, сиви животи. Љубовта е таа што ни ги топли срцата во моментите на осаменост. Секој од нас има желба да сака и да биде посакуван.

Зошто треба да престанете да ја барате љубовта?

Но, дали треба да ја барате љубовта по секоја цена? Нели би било подобро доколку ја оставите самата да ве пронајде?
Една од главните причини зошто многумина очајно се обидуваат да ја пронајдат љубовта е стравот од осаменоста. Освен тоа, повеќето од нас ја бараат на погрешни места. Така, честопати се случува да се заљубат во некого кој не ги заслужува. Затоа, не заборавајте дека не можете да натерате некој да ве сака затоа што љубовта е заемно чувство.

Колку и да се чувствувате безвредни, очајни и осамени запомнете дека не смеете да молите за нечија љубов. Треба да ве сакаат онакви какви што сте, а само тогаш ќе знаете дека љубовта е возвратена.

Отворете го умот и срцето и дозволете љубовта да ве најде. Можеби звучи парадоксално, но ќе ја пронајдете љубовта само тогаш кога ќе се откажете од вашата потреба за љубов. Таа ќе тропне на вашата врата во моментот кога најмалку очекувате.

Кога сето ваше внимание е насочено кон потрагата по љубов го занемарувате процесот на самоподобрување. Од друга страна, единствениот начин да ј привлечете љубовта е преку фокусирањето на сопствениот раст. Тоа ќе ви помогне подобро да се спознаете и да се прифатите себеси. Ќе научите и да уживате во малите нешта, ќе научите да не ја барате љубовта туку да ја споделувате без оглед на болката и тагата низ кои сте поминале.

Откако прочитавте зошто треба да престанете да ја барате љубовта, можеби ќе сакате да ги прочитате и нашите совети кои ќе ви помогнат да ја развиете љубовта кон самите себе.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар