Зошто треба да престанеме да ги романтизираме проблемите со менталното здравје?

Зошто треба да престанеме да ги романтизираме проблемите со менталното здравје?

Денес многу често може да се сретнат луѓе кои се горди на нивните ментални проблеми, а вистината е дека овој живот е многу тежок. Анксиозноста на пример, не е нешто за коешто треба да бидете горди и да го охрабрувате. Таа е проблем кој треба да се реши.

zoshto-treba-da-prestaneme-da-gi-romantizirame-mentalnite-problemi-kafepauza.mk

Денес во медиумите многу често се пренесува пораката дека личноста со одредено ментално нарушување е совршениот партнер, или нешто слично. Ова може да ги наведе младите намерно да се обидуваат да развијат некој проблем кој претходно го немале, и сето тоа бидејќи мислат дека така треба.

Можеби целта на медиумите е да ја зголеми свесноста за проблемите со менталното здравје. Можеби сакаат да ни покажат дека и луѓето со ментални проблеми се сепак луѓе на кои им е потребна љубов. И тоа е точно, бидејќи љубовта и поддршката од блиските се најдобрите лекови за некои ментални нарушувања.

Едно истражување покажало дека емоционална поддршка ефективно ја намалувала анксиозноста кај болните луѓе. Но, луѓето треба да се свесни дека менталните проблеми сепак се болест со која треба да се справат што е можно побрзо.

Потребно е да се дискутираат знаците и однесувањето на луѓето со ментални проблеми. На овој начин и „пациентите“ и другите ќе станат посвесни за себе и ќе знаат како треба да се однесуваат. Ќе станат почувствителни во врска со другите луѓе. Ќе сфатат дека менталните проблеми не се лесни за справување и дека се речиси невидливи за другите, освен за личноста која страда.

Важно е луѓето да знаат дека менталните проблеми не се табу тема и дека постои решение и за нив. Наместо да се бараат добрите страни на проблемот, зошто да не се открие решението? Општеството сè уште има многу за учење кога станува збор за менталните болести. Ако тие продолжат да се романтизираат, луѓето ќе имаат грешна слика за овие проблеми, а со тоа само ќе ја влошуваат ситуацијата.

Не треба да ги мотивираме другите да се гордеат со нивниот ментален проблем. Треба да ги утешиме, да ги мотивираме да побараат помош, па и да помогнеме и самите ако има потреба од тоа.

Прочитајте и за 20-те начини на кои поп културата ја прикажува депресијата на погрешен начин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар