Зошто треба да почнете да пиете сода бикарбона?

Зошто треба да почнете да пиете сода бикарбона?

Најверојатно, многумина од вас користат сода бикарбона за чистење на домот, но дали знаевте дека таа има многу лековити својства? Станува збор за многу едноставна состојка која се состои од натриум бикарбонат. Тоа е природен минерал кој се наоѓа и во човечкото тело, но честопати се занемарува. Сепак, понекогаш знае да направи чуда кога е растворен во вода. Затоа, сè што треба да направите е да ставите една лажичка сода бикарбона во чаша вода и да ја испиете. Прочитајте на кој начин овој едноставен напиток може да му помогне на вашиот организам.

Зошто треба да почнете да пиете сода бикарбона?

1. Го зајакнува дигестивниот систем

Сода бикарбона е состојка која може да ја неутрализира желудочната киселина. Меѓу другото, таа го стимулира варењето и го ослободува желудникот од гасови и надуеност. Доколку сакате да им ставите крај на стомачните тегоби или само сакате да го подобрите вашето целокупно здравје, експертите препорачуваат секое утро да пиете по една чаша вода со сода бикарбона. Тоа ќе ви помогне во одржувањето здрава pH рамнотежа на дигестивниот систем.

2. Одржува идеална pH вредност

Киселината е неопходна за варење на храната, но претерано киселата средина во организмот може да доведе до сериозни болести како артритис, остеопороза и рак. Сода бикарбоната ја урамнотежува pH вредноста и на тој начин ја спречува појавата на разноразни болести. Освен тоа, таа има моќ и да го ублажи воспалението на мускулите.

3. Ги ублажува инфекциите на уринарниот тракт

Вода, сода бикарбона и чај од брусница можат да помогнат при лекувањето на инфекции на уринарниот тракт така што ја намалуваат киселината во урината. Покрај тоа, се препорачува употреба на сода бикарбона и за лечење на бубрезите. Така, во едно истражување во болница во Лондон биле забележани значителни подобрувања кај оние пациенти со хронична бубрежна болест кои консумирале сода бикарбона за разлика од оние кои не консумирале.

4. Му дава енергија на телото

Доколку вежбате интензивно, млечната киселина ќе се акумулира во вашите мускули, а тоа може да предизвика болка и замор. Во овој случај можете да измешате четвртина лажичка сода бикарбона, 1 лажичка морска сол, 2 лажици мед, 1 лажица сок од лимон и 4 чаши вода. Пијте ја оваа течност во текот на денот и за кратко време ќе ги забележите промените.

Откако прочитавте за лековитите својства на сода бикарбоната, можеби ќе сакате да прочитате и за 12-те примени на сода бикарбоната за кои веројатно не сте знаеле.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар