Зошто треба да ги јадете семките од лубеница?

Зошто треба да ги јадете семките од лубеница?

Кога станува збор за овошје, летото е резервирано за вкусната сочна лубеница. Досега веројатно сте станале експерт во справувањето со црните и здодевни семчиња. Но, време е да престанете со нивното отстранување затоа што тие можат да бидат вкусни и неверојатно здрави.

(1) Зошто треба да ги јадете семките од лубеница?

1. Што ги прави овие семки толку посебни?

Како и сите други семки и јаткасти плодови, така и овие црни семчиња содржат хранливи материи и протеини. Всушност, тие во себе имаат повеќе протеини и помалку јаглени хидрати од едни други омилени грицки – бадемите.

2. Како да ги подготвите семките од лубеница?

Сигурно досега сте голтнале голем број сирови семки од лубеница и сте виделе дека не се случило ништо лошо во вашиот стомак, но, најголемите придобивки ќе ги добиете ако ги излупите и исушите. Ви звучи како многу работа околу ситните зрнца? Па, да, но доколку имате трпение може да ви биде добро хоби. Исто така, можат да се најдат веќе подготвени и во некои продавници за здрава храна.

3. Како се консумираат?

Ова е веќе наједноставниот дел. Подготвените семки, кои претходно сте ги испекле со малку маслиново масло и сол, можете да ги вклучите во речиси секој ваш оброк на различни начини. Можете да ги измешате во јогурт, заедно со други житарки. Исто така, крцкавите семки ќе ја надополнат и вашата салата од свеж зеленчук или измешајте ги во здравите пијалаци од свежо овошје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар