Зошто треба да бидете себични наутро?

Зошто треба да бидете себични наутро?

Не е тешко да убедите некого да станува порано. Кога ќе го започнете денот порано, особено ако сте зафатени, одлично е да имате некој час повеќе за извршување на обврските.

coffee

Утринската рутина на повеќето од нас е иста. Се будиме, пиеме кафе, се подготвуваме и одиме на работа. Со овој пристап, ние им служиме на другите уште во раните утрински часови. Но, важно е да престанете да се фокусирате на другите пред 8 часот наутро. Погледнете зошто, и како да го направите тоа.

Единствената причина за постојаното рано станување наутро е бидејќи сакате нешто да направите. Ако немате што да направите, можете да се присилувате да се разбудите, но тоа нема да функционира добро. Бидејќи постојаноста е најдобриот начин да ги постигнете вашите цели, треба да имате нов пристап кон работите. Зарем нема постојано да бидете мотивирани да правите нешто што е добро за вас? Следејќи ја оваа логика, ви препорачуваме да ги користите првите часови од денот само за вас.

За да го постигнете ова, едноставно променете го мерилото за успешноста на вашето утро. Најдете мерило кое ќе ве подобри како личност, наместо да се мерите со нешто во кое баш и не верувате. На пример, наместо да работите на проектот од работа или да одговарате на пораките, искористете го утрото за вежбање (или за нешто што ви причинува задоволство). Штом сте направиле нешто такво, може да почнете со работење. Наместо рутина која е поставена околу продуктивноста на вашето работно место, вашето утро нека биде уживање и грижа за себе. За кратко време со задоволство ќе се будите во 5 наутро.

Кога ќе дојде време за работа, вашето расположение ќе биде подобро и многу подобро ќе им служите на другите. Со овој „експеримент“ ќе научите нешто важно – не можете да им дадете на другите нешто што го немате. Вашето чувство на исполнетост и среќа директно се поврзува со вашето здравје, продуктивност и способноста да им служите на другите.

Ако имате проблем со станување наутро, кога ќе се разбудите приоритет нека ви бидат „себичните“ работи. Може да одвоите 30 минути или 2 часа. Времето не е важно, важно е да одберете активност во која уживате. Не само што ќе се чувствувате подобро, туку и луѓето со кои ќе бидете опкружени ќе имаат придобивки од вашето расположение и вашата продуктивност.

Погледнете уште неколку причини зошто е добро да станувате 2 часа порано.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар