Зошто треба често да консумирате лубеница?

Зошто треба често да консумирате лубеница?

Лубениците се преполни со антиоксиданси, витамини А и Ц и многу други хранливи материи, а она што ги прави особено уникатни е тоа што тие содржат многу помалку шеќер во споредба со другите тропски овошја.

Зошто треба често да консумирате лубеница?

Со оглед на тоа дека лубеницата содржи речиси 92 проценти вода, таа е вистинскиот избор во текот на летото. Правилната хидратација е од суштинско значење за одржување на здраво тело бидејќи помага во варењето, ја регулира телесната температура и е неопходна за виталните функции. Во продолжение прочитајте кои се нејзините здравствени придобивки.

Го зајакнува имунолошкиот систем

Лубеницата го зајакнува вашиот имунолошки систем и дополнително ја зголемува хидратацијата на организмот. Тоа е клучно за здравата функционалност на сите ваши телесни функции; го спречува заморот и ја одржува вашата енергија, ја ублажува главоболката, помага да се исфрлат токсините од телото и ја подобрува еластичноста на кожата со цел да се одржи младешкиот добар изглед.

Помага во одржување на тежината

Ако сакате да ја одржите вашата тежина или да изгубите тежина, лубеницата може да биде одличен додаток во вашата исхрана со оглед на тоа дека има висока содржина на вода и влакна и мала количина на калории и масти.

Го штити видот

Лубеницата е богата со ликопен и витамин Ц, уште еден моќен антиоксиданс. Во текот на едно истражување во кое учествувале 5.000 луѓе на возраст од 55 до 89 години, истражувачите откриле дека дневни додатоци кои содржат бета-каротин, витамин Ц, витамин Е и цинк можат значително да го намалат развојот на макуларна дегенерација.

Го намалува крвниот притисок

Лубеницата влијае на правилната функција на нервниот систем и со тоа придонесува за намалување на крвниот притисок.

Лубеницата не е само летно уживање – тоа е хранливо овошје со бројни придобивки, а како што започнува сезоната, вклучете го во вашето дневно мени и погрижете се правилно да го консумирате!

Откако прочитавте за здравствените придобивки на лубеницата, можеби ќе сакате да прочитате и зошто треба да јадете семки од лубеница.

Извор: ljepotaizdravlje.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар