Зошто тој се јавува во истиот момент кога ќе решите да продолжите напред?

Зошто тој се јавува во истиот момент кога ќе решите да продолжите напред?

Зарем не е чудно како во истиот момент кога ќе одлучите да продолжите напред со вашиот живот и да започнете нешто ново со друга личност, вашиот бивш партнер ќе ви се јави или ќе ви пише порака? Тој како да има некој вроден радар што им дава сигнал кога нивната бивша девојка полека ги заборава, па се враќаат назад за да се погрижат дека таа ќе остане сингл. Сè додека науката не докаже дека овој феномен навистина постои, ќе мора да го прифатиме како непишано правило дека господинот ќе се појави во истиот момент кога вие ќе продолжите напред.

Зошто тој се јавува во истиот момент кога ќе решите да продолжите напред?

Ако сте како повеќето девојки, тогаш сигурно и вие нема да останете рамнодушни на тој повик. Иако сте направиле неколку чекори напред, ќе се вратите барем еден наназад. Но, реалноста е дека тој не се јавил баш во истиот момент кога сте продолжиле напред. Вие сте ја направиле таа одлука одамна, уште откако сте ставиле крај со него и полека самостојно чекорите низ животот. Но, бидејќи не сте сигурни за новата личност што сте ја одбрале или пак, се плашите да не поминете повторно низ истото, вие си велите дека неговиот повик е знак дека се движите во погрешна насока. На тој начин се саботирате себеси и вашата нова врска, со цел да се заштитите од раскинување што можеби и нема да се случи во иднината.

Токму затоа се обидовме да пронајдеме рецепт за да ви помогнеме да продолжите со вашето движење напред кон посветла и подобра иднина, а духовите од минатото да ги оставите онаму каде што им е местото – во минатото. Најпрво, немојте да дозволите личноста што веќе ви го скршила срцето да го направи тоа повторно. Сигурно ќе си помислите дека ова е полесно да се каже отколку направи, но размислете, зарем тоа не е логичниот чекор? Едноставно немојте да дозволите неговата порака без предупредување да ве збуни и да ви го сруши досегашниот напредок. Ценете го тоа што го имате пред себе!

Тоа што било во минатото, треба таму и да остане. Потсетете се на причината што довела до тоа и не заборавајте дека луѓето многу ретко се менуваат до потребниот степен за една пропадната врска да може по втор или трет пат да успее. Исто така не заборавајте и дека покрај вас веќе имате личност што ја заслужува вашата почит и со која многу добро се согласувате.

Па, наместо со мислите веднаш да се вратите во минатото, барајќи ја причината зошто тој повторно ви се јавил, едноставно насмејте се и затворете ја пораката. Верувајте дека станува збор за знак дека навистина се почнале да се движите напред, за разлика од него. Всушност, тој не е воопшто важен во оваа приказна. Вие сте важни! Вие сте тргнале напред… А што треба тоа да значи? Да продолжите да се движите, секако. Уживајте во сите нови моменти и чувства и не вртете се назад.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар