Зошто тишината може да биде корисна?
Тишината може да биде голем извор на енергија. Таа има моќ да ги натера луѓето да мислат и да дејствуваат, а исто така помага и за одморање на умот. Проблемот со тишината е што многумина мислат дека треба да го пополнат тој момент со непотребен разговор, гледање телевизија, со музика или со каков било друг вид активност. Молчењето може да биде вознемирувачко и да направи луѓето да се чувствуваат непријатно, па затоа честопати го оставаме вклучен телевизорот, иако не го гледаме, со цел со својата бучава да ја прекине тишината.
Што всушност се случува кога има тишина?
Во тие моменти ние се фокусираме на нашата личност, односно на нашите мисли. Тогаш нашето его е привремено исклучено, па се обидуваме да го видиме светот онаков како што треба да биде. Кога има целосна тишина ѝ овозможуваме на нашата вистинска личност да зборува, наместо тоа да го прави нашето его или свесниот ум.
Еве неколку примери коишто ќе ви покажат кога е подобро да молчите.
1. За време на кавги. Еден од најдобрите моменти да го искористите молчењето е да молчите за време на некоја кавга. Кога ќе се најдете во ваков момент, егото ќе се обидува да надвладее, но запаметете дека вие сте оние коишто треба да ги контролираат работите, а не вашето его. Затоа, зачувајте ја вашата енергија на тој начин што ќе гледате во соговорникот и нема да продолжите со карањето. Ова е тешко да се направи, но е навистина моќно.
2. За време на озборување. Кога постои поголема толпа луѓе на едно место, голема е веројатноста дека таму ќе постои и озборување. Она што е карактеристично за озборувањето е дека тоа е заразно. Кога некој зборува нешто за личност која не ја сакате, тогаш и вие тежнеете да го искажете вашето мислење. Наредниот пат обидете се да го избегнете тоа. Молчењето ќе ви донесе поголеми придобивки.
3. Додека зборува некој. Секогаш треба да молчите додека зборуваат другите. Во тие моменти фокусирајте се на нив и обидете се да бидете добар слушател. Зборувајте само доколку имате некое прашање до соговорникот со цел да добиете повеќе информации, но не ја насочувајте темата кон вас.
4. Кога куќата е празна. Тишината во домот може да биде многу вознемирувачка за некои луѓе, па тогаш доаѓа потребата од пуштање радио или телевизор. Но, тишината во домот не значи дека сте осамени, туку бесценета можност да го наполните вашиот ум и да добиете дополнителна енергија. Тишината ви овозможува полесно да се фокусирате на настаните и обврските коишто ве очекуваат. Таа ви нуди одлична можност да размислувате за животот, за она што сакате да го правите и за начините на коишто можете да го добиете тоа.
5. Кога е време за размислување. Тишината е одличен начин за да се поврзете со светот, што не е возможно кога сте опкружени со бучава. Одвојте 15 минути наутро и 15 минути навечер за целосно да се фокусирате на себе, па тоа ќе направи чудо како за вашиот ум, така и за вашето тело. Размислувањето во тишина може да ви помогне да постигнете длабоко ниво на смиреност. Тишината е начин да постигнете друго ниво на вашиот ум, што не е возможно кога сте заглавени во вашата дневна рутина.