Зошто тетките се важни личности во животот на секое мало детенце?
Покрај тоа што се блиски роднини, тетките имаат големо влијание на децата, многу поразлично од она што го имаат родителите. Тие со малечките на своите браќа и сестри можат да развијат посебен однос и на тој начин да им помогнат да се оформат во здрави и зрели индивидуи.
Тетките се „кул“ возрасни личности
Со оглед на тоа дека ја нема одговорноста на родителите, во овој однос тетката може слободно да ја покаже својата детска страна. Затоа и сеќавањата што ги имаме со нашите тетки најчесто се однесуваат на забавни моменти, шеги и игри.
Тетките се доверливи советници
Децата неретко разговараат со тетките на теми што им е непријатно да ги разговараат со нивните родители. Тие даваат одлични совети без предрасуди, чуваат тајни и многу поотворено разговараат за своето искуство. Тетките се вистинско скриено богатство на совети.
Тетките се тука кога останатите немаат време
Тие ќе најдат начин да сошијат фустани за куклите, да ги однесат децата на претстава или на концерт или едноставно да си поиграат со внуците. Тетките се значаен дел од животното искуство на малите деца. Затоа и секогаш се тука кога ќе биде потребно – пред одење на училиште, на роденден, на спортски натпревар, на матура, на свадба…
Тетките се модел на однесување
Во ова модерно време, повеќе од кога било порано, децата се под влијание на медиумите и пријателите што не секогаш се добри примери. Тетката може да биде алтернативен пример за тоа како треба да изгледа семејството, кариерата, врската, хобијата и голем број позитивни вредности.
Тетките се семејство
Со оглед на тоа дека тетките израснале со таткото или мајката на детето, таа најдобро може да ги разбере неговите фрустрации и проблемите со кои се соочува. Кога настануваат конфликти, особено во периодот на адолесценцијата, таа може да биде од голема корист. Ако не можат да се доверат на своите родители, децата ќе се доверат на нивните тетки, коишто потоа ќе ги решат сите несогласувања на експертски начин.
Тетките можат да ги заменат родителите
Не мислиме на тоа дека тетките ќе ги „посвојат“ внуците, туку на фактот дека тие се секогаш достапни кога родителите имаат некоја работа, кога се на пат или на кој било друг начин зафатени. Во овие моменти тетките можат да пружат многу внимание и љубов, а секако и да бидат од практична помош за родителите.
Тетките добро знаат како да охрабруваат
Тетките ќе ги поддржат децата и ќе бидат нивните најстрасни навивачи, без разлика дали станува збор за спорт, хоби, училиште или некој друг интерес за детето. Ако детето се соочи со неодобрување, тетката ќе успее да најде начин како да го охрабри. Ова е без сомнение најдоброто влијание што тие го имаат на своите внуци.
Погледнете ги и овие 10 знаци дека вие сте им омилената тетка на вашите внуци.