Зошто среќните парови не ја „споделуваат“ својата љубов на социјалните мрежи?

Зошто среќните парови не ја „споделуваат“ својата љубов на социјалните мрежи?

За некои луѓе статусот на социјалните мрежи може да биде поважен од она што се случува во реалниот свет. Едноставно, живееме во таков микрокосмос каде што нашето лично, она експонирано лично, е поважно од реалните моментални случувања.

1-zoshto-srekjnite-parovi-ne-ja-spodeluvaat-svojata-ljubov-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_

Го оценуваме начинот на живот на другите во зависност од материјалот кој ни го пласираат на Фејсбук, Твитер или Инстаграм. Но, никогаш не сме во право кога изведуваме заклучок од прикажаното. Сте забележале дека постојат парови, за кои знаете дека се во врска, и немаат никаква заедничка содржина на Фејсбук. Зошто?

Среќните парови живеат сега и овде. Сè им оди добро во животот и они едноставно не ја гледаат смислата на пишувањето постови на социјалните мрежи. Тоа не значи дека тие во своите мобилни телефони немаат заеднички фотографии или дека не разменуваат пораки, туку едноставно, не им се потребни никакви онлајн потврди за нивната љубовна врска.

0-zoshto-srekjnite-parovi-ne-ja-spodeluvaat-svojata-ljubov-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_

Ако ги откривате вашите проблеми на социјалните мрежи, нема да добиете ништо од тоа. Не можете да ги решите вашите проблеми во врската, така што ќе ги објавувате онлајн. Ова е метода која дава најмал резултат. Ваквата постапка може само да ја влоши состојбата во вашата врска.

Вистинската среќа доаѓа од моментите кои ги поминувате со личноста која ја сакате. Радоста е во тоа да бидете заедно, а не да објавувате на вашите профили дека сте заедно. Среќните парови ќе објават пејзаж од пределот во кој се наоѓаат, а не фотографија на која се среќни. Зошто? Затоа што уживаат во тоа што се заедно! Зошто би им било потребно целиот Интернет да ја гледа нивната фотографија на која се држат за раце?

2-zoshto-srekjnite-parovi-ne-ja-spodeluvaat-svojata-ljubov-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_

Тие никому ништо не докажуваат. Среќните парови знаат дека се заљубени. Исто така, научниците откриле дека оние кои помалку ги користат социјалните мрежи се посреќни од оние кои ги користат постојано. Паровите кои се навистина среќни во својата врска знаат дека вистинскиот извор на среќа се наоѓа во реалните искуства, а не во лајковите и коментарите. И за што ќе ви послужи бескрајната популарност на социјалните мрежи, ако вие сте несреќни во вашата врска?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар