Зошто „совршената жена“ секогаш треба да има маани?

Зошто „совршената жена“ секогаш треба да има маани?

Никој на овој свет не е совршен и токму тоа значи дека сите имаат маани. Но, она што ги разликува луѓето е степенот до кој тие се отворени за своите маани, како и колку ги прифаќаат, разбираат и колку труд вложуваат во нивното менување доколку не им се допаѓаат. Зборот „маана“ секогаш се доживува како негативен, но многу често тој може да значи и нешто позитивно. Да се биде со маани е природно, тоа е единствениот начин на кој светот знае да функционира. Без мааните нема да има ни еволуција, а без еволуција каде би било човештвото сега? Токму затоа погледнете зошто треба да престанете да ја барате „совршената“ жена и да се насочите кон онаа која јасно ги покажува своите маани…

Зошто „совршената жена“ секогаш треба да има маани?

Колку повеќе маани има, толку е понезаборавна

Ние најчесто ги помниме оние нешта кај луѓето кои се истакнуваат и кои ни делуваат невообичаено. Луѓето многу брзо се навикнуваат на нивната нова средина бидејќи доколку не се случуваше тоа, ние би биле постојано под стрес и во непријатна состојба. Ние се навикнуваме со цел да го ослободиме нашиот ум и да се фокусираме на другите аспекти од нашиот живот.

Понекогаш, во вашата околина може да се појави нешто што целосно ќе ви го привлече вниманието токму поради тоа што е необично. Тоа може да биде интересна жена која со нејзиниот специфичен изглед, говор, размислување, стил, миризба, насмевки, навики, начинот на кој пие кафе или чудната смисла за хумор ќе ве привлече. Но, понекогаш тоа може да биде и фактот што таа е во емоционален хаос, па вие сè што сакате е да ја прегрнете и утешите. Или пак, може да биде и начинот на кој ќе ви го скрши срцето поради тоа што не сака да се обврзува, не ве цени или не е доволно подготвена за врска. Без разлика на ситуацијата, токму овие маани се оние кои ќе направат вие никогаш да не ја заборавите.

Колку повеќе маани има, толку се поголеми шансите да ви го размрда светот

Мааните најчесто водат кон неочекувани нешта, па токму тоа е и една од најголемите причини зошто луѓето често трагаат по нив. Ние сме суштества од навика, па токму затоа и правиме сè што е во нашата моќ за да ги задржиме моменталните врски во нашиот живот колку што е можно подолго. Никој од нас не сака промени. Ние се плашиме од непознатото.

Кога една жена со маани ќе влезе во животот на маж, тој останува без зборови. Тоа се случува бидејќи кај него настанува забуна, но и возбуда поради изложеност на нов начин на живот, на една сосема нова реалност која отсекогаш постоела, но која тој досега никогаш не ја забележал. Понекогаш токму оваа промена во светот е онаа која можеби сте ја барале. Понекогаш таа само накратко ве одвлекува од реалноста и ви овозможува еден вид одмор, кој никогаш нема да го заборавите.

Мааните водат кон повеќе маани, па токму затоа постојано ќе се прашувате што е следно

Доколку некој ви рече да ја опишете вашата жена од соништата со еден збор, тогаш вие сигурно би рекле „фасцинантна“. Сите мажи се во потрага по жена која ќе биде мистериозна, ќе ги тера на размислување и ќе направи да посакуваат да откријат нешто повеќе. Не се сите мажи исти, тоа е факт, но на повеќето многу брзо им досадуваат нештата. Можеби токму ова е една од причините поради кои тие не сакаат да се обврзат на само една жена.

Па, доколку најдете жена која ги има соодветните маани, тогаш таа ќе биде повеќе отколку што ви е потребно. Можеби дури и повеќе одошто би можеле да издржите. Мааните водат кон иновација и еволуција. Тие дозволуваат да се достигне неочекуваното и да се откријат нови предности и можности. Доколку ја најдете жената со соодветните маани вие ќе се заљубите во личност која постојано се менува, еволуира, учи и се адаптира.

Таа не се плаши да ги прави нештата поинаку

Не постои совршена личност, ни маж, ниту жена. Тоа не се случило од почетокот на човечката раса досега, а сигурно нема ни да се случи до самиот крај на човештвото. Ние сме родени за да имаме маани, но за жал поголемиот дел од луѓето не го прифаќаат овој факт и забораваат дека и покрај тоа што некои маани се негативни, има и маани кои се позитивни.

Доколку не сте задоволни со себе или со одреден аспект од вашиот живот, тогаш слободно сменете го. Преземете ги соодветните чекори со цел следен пат кога ќе се видите во огледало да ја сакате личноста која ви се смее од другата страна. Сите ние сме со маани, но трикот е да се најде начин како тие да се прифатат или променат. Доколку најдете жена која знае како да го направи тоа, која презема одговорност за својата реалност и која ги користи своите маани за да остави трага во овој свет, тогаш таа ќе бидете најдоброто нешто што може да ви се случи во овој живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар