Зошто со текот на времето дебелеењето станува полесно и побрзо?

Зошто со текот на времето дебелеењето станува полесно и побрзо?

Многу луѓе имале можност да се уверат во фактот дека со текот на времето станува потешко да се ослободат од вишокот килограми. Уште потешко е да не ги вратат изгубените килограми. Но дали некогаш сте се запрашале зошто со текот на годините дебелеењето станува полесно? Постојат неколку причини за ова, но најголемата е губењето на мускулната маса, нешто што се случува со стареењето кај сите луѓе.

Зошто со текот на времето дебелеењето станува полесно и побрзо?

Дефинираната мускулна маса е најважното нешто што ја одредува брзината на метаболизмот. Со други зборови, колку ви се поголеми мускулите, толку повеќе калории согорувате. Мускулната маса почнува да се намалува околу 30-тата година, а процесот се забрзува во 40-тите. Доколку не преземете нешто за да ја заштитите или да изградите мускулната маса, на телото ќе му бидат потребни помалку калории за да се здебели. Истовремено, метаболизмот ќе забави, а изгубената мускулна маса ќе биде заменета со масно ткиво.

Покрај намалувањето на мускулната маса, за полесното дебелеење во староста се одговорни и хормоналните промени, склоноста кон пасивниот начин на живот, зголеменото количество стрес и недостатокот од сон. За сето ова причината се сè поголемите и почести обврски.

Доколку сакате да го забавите процесот на губење мускулна маса, потребно е да водите сметка за неколку работи:

  • Вежбајте барем два пати неделно, а со текот на времето зголемувајте го интензитетот на вежбање.
  • Наспијте се, бидејќи сонот му дозволува на телото да се одмори и да ги обнови мускулите.
  • Јадете храна богата со немасни протеини. Најдобрите извори за овие протеини се јајца, риба и растителните продукти како јаткасти плодови и семки.

Најдобро е да јадете често, но да подготвувате помали оброци богати со протеини и хранливи влакна. Доколку јадете редовно, ќе имате енергија за тренирање со тегови, метаболизмот ќе ви работи доволно брзо и нема да бидете во искушение да претерате со храната.

Дознајте нешто повеќе и за хормоните што предизвикуваат дебелеење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар