Зошто сме тука? 5 прашања што имаат моќ да ви ја откријат смислата на животот
Дали некогаш сте се запрашале зошто сте тука? Зошто се будите секое сабајле и го правите токму тоа што го правите? Дел од вашата животна смисла е да го откриете токму тоа! Со таа цел ви ги претставуваме следниве 5 моќни прашања што ќе ви помогнат да дознаете многу повеќе за вас и за вашиот живот, како и за насоката во која се движите.
1. Која е вашата животна задача?
Не мислиме на работата и на начинот на кој заработувате пари, туку на тоа што ве одржува во живот! Градите ли заедници со луѓе за да живеете поздраво? Сонувате ли за создавање на нешто што ќе ги направи другите посилни? На кои проекти работите во своето слободно време и како ги делите способностите и талентите со светот?
2. Што ви дава цел во вашиот живот?
Дали некому сте влијаеле или сте го инспирирале? Кој ве чека да му го покажете патот по кој треба да се движи? Постојат ли некои загрозени животни или растенија на кои им треба вашата заштита? Можеби вашето влијание е потребно на полето за заздравување или поддршка во нешто во што навистина верувате? Дури и кога не сте свесни за неа, сите вие имате цел во животот.
3. Кои ви се страстите?
Еден од најдобрите показатели што вселената ви ги испраќа за да ја дознаете својата цел, се вашите страсти. Дали станува збор за уметност, помагање, здравје или пак, создавање нешто што ве исполнува? Пронајдете ја својата страст и допуштете му на срцето да ве води низ животот!
4. Што би изгубил светот ако вас ве нема?
Сите ние имаме влијание на животот околу нас, многу поголемо одошто мислиме. Како кружни бранови на површината на вода, кои на почетокот може да изгледаат мало, а потоа стануваат сѐ поголеми, па така и вие имате посебни способности и таленти што влијаат на сите околу вас, па и на целиот свет. Сѐ што треба да се запрашате е која е вашата посебна моќ?
5. Што ви е потребно за денес да го започнете животот од вашите соништа?
Ако не го живеете животот од соништата, што можете да направите за да тргне во таа насока? Постои ли нешто што можете да го прочитате или да го пребарате за да си помогнете да ги остварите соништата? Има ли луѓе со кои би можеле да се поврзете за да ги научите потребните вештини? Можеби треба да штедите пари или да волонтирате?
Прочитајте ја и оваа моќна поема за смислата на животот!