Зошто сите парови треба да имаат личен простор во врската?

Зошто сите парови треба да имаат личен простор во врската?

Сите луѓе кои се во врска треба да одржуваат рамнотежа помеѓу различните карактери, потреби и желби, помеѓу поминувањето време заедно и поминувањето време сами. Првите неколку недели и месеци сакате да бидете на само со партнерот, меѓутоа кога заљубената фаза од врската ќе помине, ќе забележите дека сето тоа внимание, проверки и љубовни состаноци ве преоптоваруваат. Но, не грижете се. Вашата врска не е осудена на пропаст! Едноставно сте дошле до моментот кога личниот простор повторно ви станал приоритет.

Зошто сите парови треба да имаат личен простор во врската?

Ако поминувате време разделени од партнерот, тоа не значи дека не се сакате повеќе или дека не треба да се венчате. Тоа значи дека одвојувате време за себе и за работите кои уживате да ги правите.

Вие и вашиот партнер можеби сте совршен пар, но не сте истата личност. Вие сте поединци со посебни интереси, соништа и цели. Тој можеби сака да вози велосипед додека вие вежбате јога. Вие можеби излегувате со пријателките на коктели, додека тој гледа фудбал. Треба да имате живот надвор од врската за да не го изгубите личниот идентитет. Треба да останете доследни на себе, бидејќи тоа е од големо значење за вашата среќа, а колку сте посреќни сами толку посреќни ќе бидете и со вашиот партнер.

Размислете за вашите емоционални потреби. Постојаниот контакт понекогаш станува напорен, наместо романтичен. Вам и на вашиот партнер ви треба да поминете време сами за да не станете емоционално исцрпени. Ако знаете што ви треба и му дозволите на партнерот да ги искаже сопствените потреби, ќе можете да ја одржите врската цврста и успешна.

Ако си дадете малку личен простор, ќе добиете подобра перспектива за вашата врска. Без разлика дали имате некакви проблеми или правите планови за иднината, доколку поминете време сами, ќе можете да размислите пообјективно за работите низ кои поминувате моментално. Можеби ќе најдете инспирација која ќе ви биде од корист во врската или ќе се чувствувате подобро поради тоа што сте мислеле и сте правеле нешто друго.

Може да си дадете личен простор на тој начин што ќе одвоите време за долга и тивка бања или пак ќе поминете викенд со пријателите. Не плашете се да побарате време за себе доколку имате потреба од тоа и не заборавајте да му го понудите истото и на вашиот партнер.

Доколку сакате да го подобрите односот со партнерот, прочитајте ги овие едноставни правила за здрава и успешна љубовна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар