Зошто силните жени остануваат во лоши љубовни врски?

Зошто силните жени остануваат во лоши љубовни врски?

Во денешно време постојат многу паметни и силни жени кои работат како директорки на фирми и лидери на моќни бизнис тимови насекаде во светот. Денес, жените можат да се занимаваат со што сакаат. Тие можат да ги живеат своите соништа и тоа и го прават! Па, зошто ваквите жени остануваат во брак со мажи што ги изневеруваат? Зошто не ја прекинуваат врската со мажите кои се однесуваат лошо со нив? Сите ние се прашуваме како можат да го поднесуваат и прифаќаат таквиот однос. Ова се 7-те главни причини зошто силните, паметни жени постојано прават лоши избори во љубовта и остануваат во ужасни врски…

Зошто силните жени остануваат во лоши љубовни врски?

1. Исплашени се

Врската, каква и да е, им пружа удобност и сигурност. Раскинувањето е нешто непознато и страшно. Тие се плашат да излезат од удобната зона и ја прифаќаат лошата врска, бидејќи таа за нив претставува нешто познато. Да, и силните, паметни жени понекогаш се плашат.

2. Не знаат што да прават или се чувствуваат како фатени во стапица

Можеби жените имаат храброст да излезат од лошата врска, но што потоа? Ќе мораат да продолжат сосема сами во животот, а ако не се финансиски и станбено подготвени за таков чекор, оваа опција делува незамисливо.

3. Тие се сочувствителни

Жените се обично посочувствителни и имаат поголемо разбирање за разлика од мажите. Тие можат да разберат дека саканиот имал ужасен ден и не го мислел тоа што го кажал. Љубовта и разбирањето е она што ги држи силните жени покрај неверните и лошите мажи многу подолго одошто би требало.

4. Не сакаат да поверуваат во она што се случува

Можеби ви звучи глупаво, но замислете си како вие би реагирале кога некој би ви кажал дека партнерот ве изневерува. Дури и да сте нашле дамка од кармин на неговата кошула или сте го фатиле на дело, вашиот мозок нема да сака да поверува во тоа. Понекогаш не можеме да поверуваме дека луѓето кои толку ни значат се способни да направат нешто што би нѐ повредило. Но, тоа не значи дека силните жени никогаш нема да поверуваат во вистината, само им треба време.

Зошто силните жени остануваат во лоши љубовни врски?

5. Вљубени се

Ова не е изговор, туку факт. Кога сакаме некого, тешко е да се занемари тоа чувство. Силните жени ќе можат да ги променат чувствата, ако соберат храброст и ако имаат луѓе кои ќе бидат тука за нив да ги поддржат. Тешко е да се напушти љубовта на вашиот живот.

6. Мислат дека тоа е нормално

Ваквото мислење е многу загрижувачко, но се случува. Ако силната жената пораснала во нездрава семејна средина каде таткото ја изневерувал мајката, а таа го игнорирала тоа, можеби ќе си помисли дека таквото однесување во бракот е нормално. Нашата идеја за тоа како би требало да функционираат врските потекнува од врската на нашите родители, иако понекогаш не сме ни свесни за тоа. Но, еден ден, таа нема да може да го поднесе таквото однесување и ќе сфати дека заслужува подобро.

7. Мислат дека го заслужуваат тоа

Ова е најлошата причина, бидејќи потекнува од недостатокот на самодоверба и самопочит. Децата додека растат стекнуваат самодоверба од начинот на кој луѓето се однесуваат со нив. Дури и да растела со прекрасни родители, силната жена може да верува во тоа дека не заслужува вистинска љубов. Жените можат да владеат со светот, а сепак да мислат дека никој нема да ги сака, бидејќи немаат самодоверба.

Ако познавате силна жена која упорно останува во лоша љубовна врска, немојте да ја осудувате. Наместо тоа, бидете тука за неа, понудете ѝ ја вашата поддршка и пријателство. Помогнете ѝ да сфати дека заслужува подобро. Можете да го нагласувате тоа колку сакате, но на крајот од денот, таа мора сама да дојде до тоа откровение. Најдоброто што можете да го направите за неа е да ја сослушате и да ѝ ја понудите вашата помош.

Во продолжение прочитајте ги и овие 11 причини зошто на силните жени им е потребно повеќе време за да пронајдат љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар