Зошто силните луѓе секогаш се соочуваат со најголемите животни потешкотии?
Вашата сила е правопропорционална со потешкотиите кои биле дел од вашиот живот. Проблемите им се појавуваат на оние кои можат да се соочат со нив. Можеби се сметате себеси за слаби, запоставени и злоупотребени од страна на другите. Можеби посакувате да се откажете во одредени моменти, но токму страдањата се оние што ќе ви помогнат повторно да застанете на нозе и да се изборите.
Во моментот кога ќе решите да се борите, вие ќе го направите првиот чекор и ќе тргнете во вистинската насока. Како што ќе продолжите со битката, така ќе сфатите дека секое зло претставува нова животна лекција. Ќе стекнувате нови пријатели и ќе станете уште посилни.
Ќе ви се прошират хоризонтите и благодарение на тоа ќе сфатите дека има уште многу работи што треба да ги научите и постигнете во животот. Тогаш ќе ви биде јасно дека никако не смеете да застанете.
Бледите зраци на надеж што ви се јавуваат од далечина ќе ви бидат доволни за да истраете. На прв поглед, патот што треба да го изодите е невидлив. Не можете да видите ништо друго освен темнина, но бледите зраци ќе ви го покажат патот. Нема да знаете кога и каде сте започнале, но вашиот ум ќе се развива и секој ден ќе станувате посилни од вчера.
Како инаку би знаеле да ја цените светлина ако никогаш не сте ја доживеале мртвата темница? Силните луѓе што ги познавате се силни затоа што морале да поминат низ пекол и научиле значајна лекција по патот благодарение на која се такви какви што се денес.
Зошто животот на силните луѓе е секогаш тежок?
Периодите и ситуациите што ве обликувале се изворот на вашата сила. Но, ако си ја зголемите силата не значи дека ќе си го олесните животот. Ќе мора да се враќате назад во бездната за да се наполните со гориво и да добиете уште поголема моќ. Лесниот живот ќе ви биде здодевен и нема да ви има никаква смисла. Тогаш кога ќе ја најдете силата во тешкиот живот, тој ќе стане вашиот дом.
Дали силните луѓе ја привлекуваат несреќата?
Секако дека не! Размислете за ова на следниот начин: Слабите луѓе бегаат веднаш штом ќе забележат пречка на патот додека, пак, силните се обидуваат да ја надминат. Силните луѓе никогаш не бегаат. Несреќа може да се случи секому, но не сите реагираат на истиот начин во таква ситуација.
Силата оди рака под рака со емпатијата и сочувството
Силните луѓе поминале низ големи потешкотии, па затоа кога ќе видат лут и исфрустриран човек, можат да ја забележат тагата и болката што се кријат зад тие емоции. Силните луѓе се интелигентни и можат да ги откријат вистинските намери на сите околу нив. Доколку мислите дека ќе можете да ги излажете, размислете два пати. Со оглед на тоа што поминале низ многу работи, секогаш се добри кон другите и можат да го видат она што сакате да го скриете, а тоа се вашите недостатоци.
Дали силните луѓе се магнети за нарциси?
Силните луѓе не само што се полни со емпатија, тие исто така се полни со љубов. Нарцисоидните личности обожаваат да се хранат од туѓата сила и сочувство, па затоа не е ни чудно тоа што силните луѓе влетуваат во тешки и комплицирани врски. Но, силните поединци никогаш не се откажуваат и иако можеби делува како да тонат, тие се борат и испливуваат на површина многу посилни.
Силните луѓе страдаат од истите проблеми како и сите останати, но наместо да губат сила тие зајакнуваат, бидејќи научиле како да ги вртат несреќите во нивна корист. И тие страдаат од депресија и анксиозност. Тие честопати намерно одбираат тешки професии и партнери затоа што обожаваат предизвици и како што веќе кажавме, нормалните и едноставни работи им се здодевни.
Силните луѓе имаат тежок живот затоа што можат да ги поднесат сите страдања
Зголемувањето на силата не го олеснува животот туку ве подготвува за да можете да се соочите со сите неволји што ќе ве снајдат по патот. Благодарение на тоа вие ќе знаете како станете повторно откако веќе сте паднале. Потешкотиите се како патишта за силните луѓе кои треба да се поминат за да може да се ужива во главната награда што чека на завршната линија.
Доколку се пронајдовте во текстот, прочитајте ги и 8-те карактеристики што ги одликуваат моќните луѓе.