Зошто шетањето на ладен воздух е најдоброто нешто што можете да го направите за себе?

Зошто шетањето на ладен воздух е најдоброто нешто што можете да го направите за себе?

Честопати слушаме дека студеното време е добро за нешто здравје, но дали знаете точно кои придобивки ги имаат телото и умот од ниските температури? Ви откриваме 10 добри страни на студеното време заради кои уште повеќе ќе ја засакате есента и зимата.

1-zaradi-koi-prichini-shetanjeto-po-studenoto-vreme-e-najdobroto-neshto-koe-mozhete-da-go-napravite-za-vas-www.kafepauza.mk_

1. Ќе имате повеќе енергија

Сакате да „пукате“ од енергија? Изложувањето на пониски температури, како на пример прошетката по студеното време, ќе ве исполни со толку многу енергија што ќе ја чувствувате со часови откако ќе се вратите во топлата просторија. За студенилото да има таков ефект, не мора долго време да бидете изложени. Доволни ќе бидат и 20-тина минути, па затоа отидете на брзо пешачење.

2. Ќе спиете подобро

Луѓето кои патат од несоница имаат поголема телесна температура, па спиењето во благо разладена просторија, на идеална температура од 16 до 20 Целзиусови степени, ќе им помогне да спијат подобро.

3. Студенилото го поттикнува согорувањето на калориите во кафеавото масно ткиво

Кафеавото масно ткиво произведува топлина и ги согорува маснотиите, а кај бебињата тоа служи за регулирање на телесната температура. Кај возрасните кафеавото масно ткиво е застапено во помали количини.

2-zaradi-koi-prichini-shetanjeto-po-studenoto-vreme-e-najdobroto-neshto-koe-mozhete-da-go-napravite-za-vas-www.kafepauza.mk_

4. Мозокот ќе ви работи подобро

Докажано е дека на високите температури луѓето многу поретко донесуваат поголеми, сложени одлуки. Топлото време побрзо ги исцрпува нашите резерви на гликоза, а бидејќи гликозата ја користиме во менталните процеси, нејзиниот недостаток влијае и врз нашата способност за донесување одлуки.

5. Заради чистиот воздух ќе дишете подобро

Есента и зимата значат опростување од лошиот квалитет на воздухот и високото ниво на озон кои се вообичаени во текот на пролетта и летото. Заради свежиот, чист воздух ова годишно време е идеално за престој во природа, долги прошетки и длабоко дишење.

6. Совршени температури за трчање

Дали некогаш сте се запрашале зошто маратоните се одржуваат во доцна есен? Тоа е така затоа што ниските температури овозможуваат атмосфера за полесно и поудобно трчање. Трчањето на топло и влажно време делува многу исцрпувачки за нешто тело. Истражувањата исто така докажале дека ако е студено, ние трчаме побрзо, што значи дека за пократко време можеме да согориме повеќе калории. И не заборавајте да се облечете слоевито!

3-zaradi-koi-prichini-shetanjeto-po-studenoto-vreme-e-najdobroto-neshto-koe-mozhete-da-go-napravite-za-vas-www.kafepauza.mk_

7. Студното време ги намалува воспаленијата и ги „брка“ инфекциите

Воспалението на мускулите често се ублажува со ставање мраз на отеченото и болно место. А, ист ефект имаат и ниските температури на воздухот. Многу атлетичари во лечењето на воспаленијата и повредите користат криотерапија, односно терапија со мраз, што значи изложување на екстремно ниски температури. Престојувањето надвор нè прави поотпорни. Тоа е така затоа што бројот на клетките кои се борат против инфекциите всушност се зголемува кога престојуваме на студено.

8. Ќе се чувствувате подобро во сопствената кожа

За време на студените денови не мора да се грижиме за тоа како изгледаме во бикини, што всушност ја подига нашата самодоверба. Исто така, тоа е време од годината кога размислуваме за вежбањето заради донесувањето новогодишни одлуки.

9. Повеќе ги цените деновите кои доаѓаат

Истражувањата покажале дека луѓето кои живеат во подрачјата каде што секогаш е топло и сончево всушност не се посреќни од другите. Луѓето имаат најдобро расположение после подолг период на студени и тмурни денови. Затоа, веселете се, бидејќи топлите и сончеви денови повторно ќе ни пристигнат.

10. Со студенилото нема инсекти

Ниските температури ги убиваат инсектите, како што се комарците, што значи дека не мора да се грижите за овие ситни напасници кои може да пренесат и болест.

Зимата и студеното време носат многу промени. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто во текот на зимата изгледаме многу постаро отколку за време на летото?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар