Зошто секојдневно треба да консумирате мача чај?

Зошто секојдневно треба да консумирате мача чај?

Сигурно досега многупати сте слушнале за мача чајот. Но, дали знаете кои се неговите здравствени придобивки? Станува збор за зелен чај кој се одгледува во Јапонија и не подлежи на никаква термичка обработка, за разлика од конвенционалниот зелен чај. Во продолжение прочитајте зошто треба редовно да го консумирате.

Зошто секојдневно треба да консумирате мача чај?

Ја спречува појавата на рак

На сите нам ни е добро познато дека зелениот чај во голема мера го спречува ракот, но мача чајот е дури и помоќен борец од обичниот зелен чај кога станува збор за слободните радикали. Антиоксидансите во овој вид чај познати како катехини ги отстрануваат слободните радикали кои можат да доведат до појава на рак во организмот. Според едно истражување, мача чајот содржи дури 137 пати поголема количина на антиоксиданси од зелениот чај.

Го забавува процесот на стареење

Една од причините за младешкиот изглед на Јапонците е токму мача чајот со оглед на фактот дека тој е најпопуларниот пијалак во оваа земја. Едно испитување покажало исто така дека жителите на Окинава имаат најдолг животен век во светот. Ова е уште еден доказ дека мача чајот го намалува оксидативниот стрес на телото благодарение на неговите антиоксиданси.

Спречува срцеви болести

Студија спроведена во 2011 година покажала дека секојдневното консумирање зелен чај значително го намалува нивото на холестеролот кај секој од учесниците.

Помага во намалување на телесната тежина

Сигурно ви е добро познато дека зелениот чај помага во намалување на телесната тежина, но мача чајот не само што го забрзува метаболизмот туку и помага во борбата против токсичните масти во телото и го намалува стресот. Кортизолот или хормонот на стрес, е една од главните причини за зголемување на телесната тежина. Покрај намалување на стресот, мача чајот е и извор на енергија, погоден за консумирање во кое било време од денот.

Го подобрува расположението

Мача како и обичниот зелен чај, содржи моќна аминокиселина позната како Л-теанин. Оваа аминокиселина има силно дејство врз мозочните функции, го намалува стресот и го подобрува расположението. Важно е да се спомене дека оваа аминокиселина е присутна пет пати повеќе во мача чајот за разлика од обичниот зелен чај.

Откако прочитавте за здравствените придобивки од мача чајот, можеби ќе сакате да прочитате и 6 природни засилувачи на енергија кои се одлични за чувствителните луѓе.

Извор: allwomenstalk.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар