Зошто секојдневно треба да јадеме по една лажичка сусам?
Ако во вашата храна често додавате сусам, тогаш му правите голема услуга на вашиот организам. Постојат неколку видови сусам: црн, бел, црвен… И сите сорти се разликуваат не само по бојата, туку и по маслата и протеините кои ги содржат. Витамините Б, А, Е, лецитинот, ниацинот, бројните минерали како калциумот, калиумот и магнезиумот, фосфорот, железото и цинкот, самите говорат за вредноста на оваа, по големина ситна, но по влијание голема и моќна билка.
Дентални и забни болести
Сусамот ги зајакнува забите и позитивно делува на здравјето на усната празнина и непцата, а со неговата употреба се намалуваат воспаленијата, инфекциите и забниот камен.
Го зајакнува кардиоваскуларниот систем
Сусамот го намалува крвниот притисок, како и ризикот од појавата на срцеви болести. Доколку го консумирате во комбинација со мед, тогаш ќе го зајакнете имунитетот, ќе го стимулирате менталното и физичкото здравје и ќе го подобрите квалитетот на косата и кожата.
Антиоксиданс
Сусамот содржи две единствени соединенија од групата лигнани – сезамин и сезамолин. Резултатите од последните истражувања ја покажуваат важноста на сусамот во улогата на зајакнувањето на нашиот организам и делувањето во борбата против слободните радикали. Сусамот исто така е многу корисен во борбата со потешките заболувања како што е карциномот на цревата и грлото и борбата за подобро здравје, воопшто.
Здравјето на кожата и убавината
Сусамовото масло ги смирува иритациите, а со тоа што содржи витамин Е и цинк, делува и на здравјето на кожата, нејзината еластичност и го забавува процесот на стареење и прераната појава на брчки.
Аналгетик
Локалното аплицирање на заболените места го покажува влијанието на сусамовото масло како одлично во намалувањето на болките. Се препорачува и за слабото снабдување на ткивата со крв и слабата циркулација.
Афродизијак
Со редовното консумирање на сусамот, се намалува ризикот од импотенција кај мажите и позитивно делува на јакнењето и поттикнувањето на виталните функции и зајакнувањето на репродуктивното ткиво.
Го регулира менструалниот циклус
Поради оваа причина, сусамот е препорачан како составен дел од исхраната на секоја жена, посебно во предменструалниот период. Инаку, ги намалува менструалните болки и ги ублажува симптомите на ПМС.
Ги зајакнува коските
Сусамот е богат со калциум, а неговото влијание при длабокото навлегување во ткивата, дополнително зборува за неговата важност во зачувувањето на здравјето и цврстината на нашите коски. Посебно се препорачува за лицата заболени од остеопороза.
Нутритивен тоник
Сусамот е лесен лаксатив и лесно го регулира варењето на храната и работата на цревата, како и на целокупното функционирање на дигестивниот систем.