Зошто се будите сред ноќ и како да го спречите тоа?
Будењето сред ноќ може да биде голем проблем, особено ако се случува постојано. За жал, многу луѓе страдаат од ова нарушување. Добриот сон е едно од најважните нешта за вашето здравје, способност и концентрација, а одговорен е и за вашето расположение. Погледнете некои работи кои може да предизвикуваат да се будите сред ноќ и како да го надминете тој проблем.
1. Пиете премногу вода
Сепак возможно е да пиете и премногу вода. Речиси 44% од жените на возраст од 20 до 44 години се будат сред ноќ за мокрење. Тоа е навистина голем број. Оваа физиолошка потреба може да ви го наруши сонот, па обидете се да пиете помалку вода пред да одите на спиење.
2. Вашата соба не е добра за спиење
Голема е веројатноста да не ни размислувате за деталите кои ја прават вашата соба непогодна за спиење. Можеби ви влегува премногу светлина од надвор, имате бучен сосед или пак, го оставате телевизорот вклучен кога си легнувате. Сите овие работи го отежнуваат заспивањето, но и може да ве разбудат во текот на ноќта. Важно е вашата спална соба да биде како пештера за да можете да се наспиете добро. Па инвестирајте во маска за спиење, темни завеси, затнувачи за уши и исклучете ја целата електроника пред спиење.
3. Потребно е да ја променете вашата ноќна рутина
Дали јадете обилни оброци пред спиење? Или пак можеби го завршувате денот со шолја еспресо? Можеби гледате и некоја серија пред да си легнете. Сите овие работи може да бидат причина за вашето будење во текот на ноќта. Обидете се да воспоставите рутина пред спиење која е добра за вас. Немојте да користите никаков екран барем 1 час пред спиење. Наместо тоа пуштете си некоја смирувачка музика и медитирајте малку. Ако морате да се туширате пред да си легнете, користете есенцијални масла кои ќе ви го исчистат умот и ќе ви помогнат да се релаксирате.
4. Сте испиле премногу вино пред спиење
Додека 1-2 чаши вино може дури и да ви помогнат да заспиете, истражувањата покажале дека алкохолот има влијание на вашиот сон и на заспивањето, како и на РЕМ фазата од сонот. Дел од ова е поради тоа што алкохолот се претвора во шеќер и го покачува нивото на шеќер во вашата крв. Ова речиси сигурно ќе ве држи будни подолго отколку што сакате. Како и другите течности, и алкохолот консумирајте го неколку часа пред спиење.
5. Можеби сте нервозни за нешто
Замислете си дека треба да спиете, но следното утро имате лет за кој треба да се разбудите рано. Дали ви се има случено во ваква ситуација премногу да се плашите дека ќе го испуштите летот, па се будите на секој час? Или пак можеби сте нервозни поради некое раскинување, па емоциите не ви дозволуваат да заспиете. Емоциите од кој било вид може да имаат голема улога во квалитетот на вашиот сон, а стресот може да не ви дозволи да заспиете. Ако сте анксиозни за нешто пред спиење, на вашето тело му е потешко да се релаксира и да потоне во длабок сон. Обидете се да слушате некоја медитација, разговарајте со пријател час, два пред спиење, па дури и вежбајте во текот на денот за да истрошите повеќе енергија.
6. Сте изеле нешто што не треба
Без разлика дали е обилен оброк за кој е потребно повеќе време да се свари, нешто благо кое го покачило шеќерот во вашата крв, или пак парче чоколадо кое има и шеќер и кофеин, важно е да внимавате што консумирате пред да одите на спиење.
Погледнете кои работи не треба да ги правите пред спиење.