Зошто самосвесните жени сè почесто одбираат да бидат сингл?
Денес постојат голем број сингл жени што ги краси извонредна убавина и силен карактер. Кога станува збор за овие жени, тие немаат преголеми очекувања од потенцијалните партнери, туку едноставно знаат што сакаат во врската и тешко можат да најдат маж по своите замисли. Интелектуалните способности и високата самодоверба ги спречуваат овие жени да бидат во врска само колку да се каже дека имаат некој крај себе. Тие едноставно не сакаат да трошат ниту време, ниту енергија на партнер кој не може да ги следи во секој чекор. Токму затоа и тие одбираат да бидат сингл.
Имаат високи стандарди
Тие се свесни за своите квалитети и ќе започнат врска само со маж кој сметаат дека е достоен за нивното внимание. Тој мора да ги задоволи сите нивни критериуми со цел заеднички да ја изградат врската што жените знаат дека ја сакаат.
Емотивно се исполнети
Силните жени немаат потреба од маж за да се чувствуваат емотивно исполнети. Тие се свесни за себе и уживаат во времето поминато насамо, како и во времето со најблиските.
Постојано работат на себе
Овие жени секојдневно работат на себе и бараат начини да се усовршуваат, како на приватен, така и на професионален план. Токму затоа и не сакаат да бидат во врска со партнер кој ги нема истите амбиции и кои ги спречува во нивниот раст.
Мажите се чувствуваат несигурно покрај нив
Тие едноставно не можат да си дозволат да го сменат своето однесување само за да ја задоволат машката суета. Тие покрај себе мора да имаат маж со подеднакво висока самодоверба, со цел да може да ги следи во сите аспекти од животот.
Прочитајте и зошто мажествените и силни жени речиси секогаш се сами.