Зошто родителите треба да поминуваат помалку време на нивните паметни телефони?

Зошто родителите треба да поминуваат помалку време на нивните паметни телефони?

Просечните луѓе поминуваат по околу 3 часа на ден на нивните паметни телефони. Психолозите предупредуваат дека родителите поминуваат сè повеќе време „сами, а заедно“. Тоа значи дека родителите се физички присутни, но жртвуваат драгоцено време, за сметка на комуникацијата преку социјалните мрежи. И на крај, децата се тие што патат поради тоа.

Зошто родителите треба да поминуваат помалку време на нивните паметни телефони?

Тука сме да ве предупредиме за сериозните последици што ваквото однесување може да го предизвика во развојот на децата.

1. Децата може да имаат проблеми со социјалниот развој

Недостатокот на родителско внимание ги прави децата да немаат иницијатива и да се однесуваат нервозно, па дури може да предизвика и оштетувања во развојот на нивниот мозок. Стручните лица од Универзитетот Калифорнија открија дека недоволната мајчина грижа може да има негативно влијание врз развојот на детето и да биде причина за емоционални нарушувања.

Дури и помалите нешта, како пишувањето пораки, може да има негативно влијание на долги стази. На децата им треба стабилна и предвидлива средина за нормално да се развива нивниот мозок. Недоволното внимание може да предизвика психолошки проблеми како: депресија, ризично однесување или употреба на забранети супстанции.

2. Децата стануваат лути и не се однесуваат пристојно

Психолозите велат дека родителите треба да постават ограничувања во употребата на паметните телефони, не само кај нивните деца, туку и кај нив самите. Кога родителите ги одбираат нивните паметни телефони, а не нивните деца, тоа кај децата предизвикува тие да се чувствуваат тажно, луто и осамено. Кај некои деца дури почнуваат да се појавуваат и благи знаци на агресија, како уништување на телефоните на нивните родители, за да го добијат посакуваното внимание.

Кога родителите ги одбираат телефоните наместо децата, децата се чувствуваат запоставено и како да не се доволно интересни за сакање. Тоа ја нарушува нивната самодоверба и доведува до проблеми со однесувањето. Тоа го влошува и квалитетот на „родителствувањето“, а неземањето предвид на потребите на детето предизвикува и непотребен стрес кај децата.

Зошто родителите треба да поминуваат помалку време на нивните паметни телефони?

3. Децата не ги гледаат своите родители како добри примери

За многу луѓе, непроверувањето на телефонот, дури и на една минута, е мачење. Стручните лица го набљудувале однесувањето на родителите и децата во рестораните за брза храна и откриле дека дури 70% од нив ги користеле своите телефони за време на оброкот. Некои од нив, веднаш по седнувањето ги извадиле своите телефони. Со ова родителите им ја одземаат можноста на децата за директна комуникација со нив, како и можноста да научат како треба да се однесуваат.

Децата го имитираат однесувањето на родителите и стекнуваат социјални вештини во комуникацијата со нив. Така тие учат како да разговараат, како да ја изразат својата љубов и како да покажат интерес кон другите луѓе. Ако родителите не се пример за нив, децата ги пропуштаат тие вештини и може да имаат проблем при воспоставувањето емоционални врски со другите, подоцна во животот.

4. Децата страдаат затоа што мора да се борат за вниманието на нивните родители

Иако родителите ги сакаат и ценат нивните деца, без разлика на сè, децата чувствуваат дека не се доволно вредни бидејќи мора да се борат за вниманието на нивните родители. Тие велат дека проверувањето на телефонот за време на разговор е една од најлошите родителски навики. Некои деца дури велат дека би им ги одзеле телефоните на нивните родители, ако им се дозволи.

На децата им треба внимание за да се чувствуваат безбедно и самоуверено. Тоа влијае на нивниот емоционален развој и им ја олеснува комуникацијата со другите луѓе. Кога децата чувствуваат дека родителите ги сакаат и ги ценат, тие ја сфаќаат својата вредност и знаат дека го заслужуваат најдоброто. Знаат дека се добри и дека не треба никому ништо да докажуваат.

5. Децата стануваат пасивни и неповрзани со родителите

Емотивната поврзаност помеѓу родителите и нивните деца е силна, но ранлива. За да го докажат тоа, истражувачите го оцениле однесувањето на новороденчиња на возраст од 7 до 24 месеци во ситуација кога нивните мајки престанале да играат со нив и наместо тоа, го свртеле вниманието кон нивните телефони. Нивниот емоционален одговор бил прилично изненадувачки.

Истражувањето покажало дека децата покажале знаци на незаинтересираност и не биле мотивирани да ја истражуваат околината околу нив кога мајката го користела нејзиниот телефон. Притоа се појавиле и овие негативни последици: колку подолго мајката го користела телефонот, толку повеќе детето се оддалечувало и било понезаинтересирано за околината. Дури и кога нивните мајки биле повторно подготвени да си играат со нив, тие не се вклучиле во комуникацијата како претходно.

Зошто родителите треба да поминуваат помалку време на нивните паметни телефони?

Децата копнеат по љубов и внимание и задача на родителите е да им го овозможат тоа. Во ред е да одговорите на итен повик, но во повеќето случаи, подобро е да го оставите телефонот и да поминете квалитетно време со вашето дете. Тоа не само што ќе донесе радост кај вас двајцата, туку ќе придонесе за емоционалниот развој на детето, што е уште еден важен чекор тоа да стане среќно и самостојно човечко суштество.

Прочитајте и какво влијание има зјапањето на родителите во телефоните врз нивните деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар