Зошто повеќе лажеме преку СМС пораки?

Зошто повеќе лажеме преку СМС пораки?

Кога сакате некого да излажете нешто, тоа најчесто се прави преку СМС порака. Ова е резултатот кој го добиле истражувачите од Универзитетот на Британска Колумбија и „Common Sense Media“. Истражувањето било спроведено врз средношколци и студенти од САД и покажало дека тие најмалку веруваат во информациите кои ги добиваат преку СМС пораките.Зошто повеќе лажеме преку СМС пораки?Дури 95% од испитаниците одговориле дека повеќе веруваат во видео чет отколку во СМС порака. Голем дел, односно 31% веруваат дека пријателите попрво би ги излажале преку порака отколку во комуникација лице в лице.

Причината поради која не веруваме во СМС пораките се состои во тоа што во таквата комуникација нема контакт со очи, не е видлив говорот односно движењата на телото и лицето, ниту пак се слуша гласот на говорникот, па не може преку него да се откријат неговите чувства. Исто така, содржината на текстуалната порака може да се испланира однапред и добро да се размисли пред да се одговори на нешто, со што се зголемуваат шансите да се изврти вистината.Зошто повеќе лажеме преку СМС пораки?Резултатите од ова истражување покажале и дека повеќе од третина од испитаниците барем еднаш го користеле мобилниот телефон за да препишуваат на тест или на испит.

Најголем процент, односно 26% од оние ученици и студенти кои препишувале со мобилен телефон запишувале важни информации во него, па потоа на тестот или испитот препишувале од нив, додека 17% го сликале тестот за потоа да ги имаат прашањата за поправниот. Исто така, 20% успеале да ги пребараат точните одговори на интернет. Најинтересно од сè е тоа што дури 25% од оние кои мамеле на тест и испит благодарение на својот мобилен телефон, сметаат дека преку тоа не погрешиле ништо и дека тоа е исправно.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Антонио Reply

    Ахах јас за на тест се во телефонот си пишувам.. 😀

Остави коментар