Зошто постојано одбирате токсични мажи кои ве повредуваат?

Зошто постојано одбирате токсични мажи кои ве повредуваат?

Причината поради која одбирате да излегувате со мажи што се токсични и лоши за вас е поради тоа што имате лошо мислење за себе. Фокусот на овој текст нема да бидат мажите што ве повредиле. Оние што тврделе дека ви се лојални, но штом сте ја свртеле главата флертувале со други жени. Оние кои не го бришеле својот профил на Тиндер, иако велеле дека излегуваат само со вас. Оние кои ве терале да поминете низ пеколот за нив, а тие не кревале ниту еден прст за вас.

Доста со тие мажи. Тие предизвикале доволно штета. Ова не се однесува на нив. Тие не ве заслужуваат и никогаш нема да ве заслужат. Не се достојни за вас во никаков облик. Мора да се уверите во фактот дека едноставно не можете да ги смените, без разлика колку сте мили, фини или добри. Овие мажи попрво би ја искористиле вашата љубезност отколку да се инспирираат самите од неа и да се потрудат да бидат подобри.

Не е важно колку добра личност сте, никогаш нема да можете да контролирате или да предвидите како другите ќе се однесуваат кон вас. Луѓето најчесто се менуваат кога самите ќе се одлучат на тоа. Мора да постои внатрешна мотивација, бидејќи не постои доволно голема надворешна сила да турне некого кон промена на своите ставови.

Едноставно кажано, скоро е невозможно да ги смените овие мажи со својата љубов. Не постојат емоционални алатки што ќе ви помогнат да го натерате да ве љуби, ако тој не е заинтересиран за тоа. Можете да ги пробате сите техники од книгите, но никогаш нема да успеете ако неговото срце не чука за вас. Но, тоа всушност и не е важно. Вистинското прашање е зошто воопшто би се согласиле да бидете со некој што лошо се однесува кон вас?

Без разлика колку сакате да ги обвините овие негативци за вашата лоша среќа, вистината е дека вината паѓа кај вас. Вие сте оние што го толерираат оваа однесување. Да, точно е дека вие сте жртвата во оваа ситуација и дека жртвите никогаш не треба да се напаѓаат. Но, тоа што е погрешно е што вие самите одлучувате да влезете во улогата на жртва, одново и одново.

Тоа што сакаме да го кажеме е дека само вие можете да одлучите да престанете да бидете жртва. Мора да бидете способни да се изборите за себе и да барате да се однесуваат кон вас онака како што заслужувате. Вие имате контрола над вашиот живот. Можете да останете, но можете и да си отидете од врската со тој маж. Вие секогаш можете да си заминете.

Големи се шансите дека се држите до овие мажи затоа што тие се директен одраз на тоа што го гледате во себе. Причината поради која ги толерирате овие мажи, е затоа што и самите се однесувате лошо кон себе. Потсвесно, си мислите дека сите треба така да се однесуваат кон вас. Мислите дека само нив ги заслужувате. И токму тоа е влијанието на ниската самодоверба. Вие не си верувате да го побарате тоа што го сакате и заслужувате.

Ви недостасува храброст да се погледнете себеси и да кажете доста. Ви недостасува одлучност да се ослободите од оковите што самите сте си ги поставиле. Кога ќе одберете да се гледате себеси како неверојатна личност достојна на љубов, дури тогаш ќе престанете да одбирате мажи кои не ве заслужуваат.

Прочитајте ги и овие 13 работи што повредените девојки несвесно ги прават.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар