Зошто понекогаш „сингл животот“ е најдоброто нешто што може да ви се случи?

Зошто понекогаш „сингл животот“ е најдоброто нешто што може да ви се случи?

Да се биде сингл може да биде застрашувачко искуство, особено ако сте излегле од долга и сериозна врска. Понекогаш знае да биде многу тешко, но исто така може да биде и најдобриот период од вашиот живот. Доколку во моментов сте сингл, прифатете го тоа, живејте така, научете нови нешта и едноставно сакајте ја состојбата во која се наоѓате.

(1) 8 причини поради кои треба да сте среќни дека сте сингл

Истовремено е смешно и сурово, како општеството ни поставува одредена идеја за тоа каде треба да бидеме и што треба да постигнеме во одредени периоди од нашиот живот. Но, тоа не значи дека слепо треба да се прифатат тие општоприфатени норми. Можеби сте сингл, можеби во овој период од животот немате партнер покрај вас, но тоа не значи дека не треба да ви биде убаво и да се чувствувате задоволни со својот живот. Сепак, секој период си има свои предности. Прочитајте ги овие 8 причини поради кои треба да сте благодарни и среќни што сте сингл.

1. Научете да се сакате

Ова е суштинско. Сакајте си се, излегувајте на состаноци, разгалете си се, купете си прекрасен букет цвеќе. Не е во ред да барате од некој да ве сака, ако самите не си се сакате. Изградете самодоверба и работете на своите чувства. Самодовербата ќе ве направи многу привлечни за спротивниот пол.

2. Ќе станете многу благодарни за луѓето во вашиот живот

Понекогаш, кога луѓето се во врска, знаат да ги стават „на чекање“ своите најблиски. Тоа не е добро, но се случува многу често, затоа што најголемиот дел од времето го посветуваат на новата љубов. Во тие моменти, може да се изгубат редовните контакти со пријателите и со семејството. Но, доколку сте останале сами, сега е моментот да ги обновите сите врски, па дури и да ги зацврстите. Викнете ги блиските на вечерна дружба со вино, организирајте забава во вашиот дом и искористете го секој момент за излегување и дружење.

3. Имате помалку стрес

Доколку сте сами, гледајте на тоа и од еден друг, позитивен агол – ќе бидете помалку под стрес. Не мора повеќе да чекате партнерот момчето или девојката да ви прати порака додека доцна во ноќта лежите сами в кревет, прашувајќи се каде е и што прави. Не мора повеќе да го губите времето расправајќи се со него/неа и за најбанални работи, нема повеќе кој да ги поместува вашите планови или пак во најлош случај, да си го трошите времето на партнер кој всушност воопшто не се ни грижи за вас. Можеби ќе ви треба некое време да го прифатите тоа како ваша нова реалност, но верувајте, откако ќе сфатите од што сте се ослободиле, многу ќе ви олесни.

(3) 8 причини поради кои треба да сте среќни дека сте сингл

4. Светот е вашето „секс бифе“

Треба да се каже нешто повеќе? Најверојатно, не.

5. Вашите можности се буквално бескрајни

Дали сакате да го спакувате вашиот ранец и да патувате низ светот, остварувајќи ги своите најлуди сништа или можеби сакате да се испробате како кловн на родео? Сторете го тоа. Можете да направите сè што долго време сте посакувале, но не сте биле во можност поради врската. Кога човек преминува во сингл фаза, на почетокот најчесто тоа го сфаќа трагично, но доколку ги согледате сите можности кои се отвораат пред вас, можете да почувствувате дека самостојноста никогаш не била подобра. Запишете се на некој нов факултет или курс, патувајте сосема сами, земете часови по готвење или приклучете се на некој книжевен клуб. Па, да, можете и на Монт Еверест да се искачите ако сакате. Бидете паметни и грижете се пред сè за себе. Ќе сфатите дека само небото може да биде вашата граница.

6. Вие можете да бидете вие

Сигурно имате пријатели или членови на семејството кои откако се во љубовна врска го имаат сменето своето однесување. Едноставно не се луѓето кои вие ги знаете. Можеби и за вас го мислеле истото. Затоа, сега, кога сте сингл, имате време да откриете всушност кои сте вие. Во таа потрага, копајте колку што можете подлабоко. Никогаш не дозволувајте да ве убедуваат дека сонувате големи нешта, дека не сте доволно паметни и моќни да ги постигнете вашите цели или дека сте помалку од она за што верувате дека сте. Бидете луди и откачени, искористете ги предностите кои ви се нудат надвор од вашата удобна зона и не се вртете назад.

(2) 8 причини поради кои треба да сте среќни дека сте сингл

7. Имате време само за себе

За да откриете кои сте вистински, мора да си дозволите да бидете слободни и сингл. Можете да си пронајдете нови хобија, нови пријателства, па дури и да трасирате нови патишта во вашата професија и кариера, за кои претходно не сте знаеле дека можете да ги започнете. Можеби ќе се изненадите од тоа колку сте независни, колку е убаво чувството кога можете да си се потпрете само на себеси, а особено неверојатно ќе ви биде чувството кога нештата кои ги правите на крај испаднат успешни.

8. Имате време да сфатите што навистина сакате

Брак? Деца? Нема причина да брзате со одговорите, и нема ништо погрешно доколку го изберете првото, второто или двете. Можеби сета ваша перспектива по овие прашања ќе се смени во зависност од тоа со кого сте во врска и тоа е сосема во ред. Можеби едно утро ќе се разбудите и ќе сфатите дека местото, градот или државата во којашто живеете не е по ваш терк и ќе сакате да ја смените средината. Сепак, го можете тоа затоа што имате илјадници можности пред вас и што е најважно, кога сте сингл имате и време да одлучите, да направите грешки и најмногу да научите од животните лекции.

Да се биде сам можеби за некои е страшно, но тоа зависи на кој начин гледате на ситуацијата во којашто се наоѓате. Сингл периодот може да биде и полн со авантури, просветлувања, забава… Повеќе од добро е да се вљубите во тоа да бидете сингл. Кренете ја главата и бидете малку луди и откачени. Наполнете се со самодоверба. Ако имате потреба да бидете врзани за некој, тој некој бидете вие.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар