Зошто понекогаш е потешко да се справите со вашата золва отколку со свекрвата?

Зошто понекогаш е потешко да се справите со вашата золва отколку со свекрвата?

Не треба да чекате да дојде денот на свадбата за да сфатите дека постои една дама што веројатно ќе стане „другата жена“ во вашиот брак: свекрвата. Но, иако традиционално веруваме дека таа е една од најкомплицираните за справување, некои жени признаваат дека уште потешко се справуваат со уште една дама во животот на нивниот сакан: неговата сестра.

Во продолжение прочитајте ги фактите што објаснуваат зошто некои од вас се уверени дека золвите се вистинските ваши ривали.

Пазете се од золвите

Зошто понекогаш е потешко да се справите со вашата золва отколку со свекрвата?

Врската меѓу мајката и нејзиниот син е многу силна, па сигурно за неа е болен процесот на навикнување на ситуацијата кога синот го насочува вниманието кон друга жена. Но, некои истражувања укажуваат на тоа дека врската помеѓу свекрвата и снаата обично не е толку непријателска. Проблемите може да се појават и поради золвата.

Интернет-анкетата, спроведена од чилеанскиот весник „Ла Терцера“, побарала од 600 лица да споделат детали за нивните релации со свекрвите. Тие побарале од учесниците мислење кој од членовите на семејството на нивниот партнер сметаат дека се попроблематични. Додека пристојни 32% укажувале на свекрвата како најконтроверзна личност во семејството, високи 56% ја избрале золвата за вистинскиот „негативец“.

Золвите сакаат да ја заштитат својот клан и нивниот авторитет

Резултатите од истражувањето се очигледни, но причините за нив се јасни, смета Паула Шез, чилеански психолог од универзитетот „Диего Порталес“. Таа изјавила дека кога стануваме возрасни, нашите врсници ги заменуваат нашите родители како посилни фигури во нашите животи, затоа што треба да бидеме одговорни за иднината и за реалноста која ја делиме со сопствената генерација. Ова е причината зошто луѓето се чувствуваат поблиски со своите браќа и сестри и создаваат силен клан како идната генерација. Клан кој што вашата золва сака да го заштити.

Но, има и други мотиви зад таа конфликтна золва. Шез верува дека семејните улоги што се практикуваат уште од детството, исто така, играат улога. Ако постарата сестра постојано мисли дека има право да ги искаже своите ставови за животот на нејзиниот брат, во моментот кога ќе сфати дека почнува да ја губи власта во однос на сопругата, се појавува нелагодност, затоа што во новата ситуација таа се чувствува загрозена.

Старите ривали, золвите, може да ги натераат своите браќа да не ги сакаат жените

Зошто понекогаш е потешко да се справите со вашата золва отколку со свекрвата?

Може да има друга причина за тензија. Психологот Тери Аптер објаснува дека честопати станува збор за ривалството помеѓу семејните улоги, дури и од несвесен тип. Ако вашиот сакан и неговата сестра долго време не биле во добри релации, веројатно и вас ќе ве сметаат за „persona non grata“, што ќе ги направи семејните собири многу понезгодни.

Природната приврзаност меѓу браќата и сестрите, исто така, може да игра улога во конфликтот

Зошто понекогаш е потешко да се справите со вашата золва отколку со свекрвата?

На крај, некои истражувања покажуваат дека бебињата создаваат силна приврзаност со своите браќа и сестри, слична на врската што ја создаваат со нивните мајки. Оваа врска ќе објасни зошто тие стануваат цел на која ѝ треба заштита и извор на безбедност во исто време, претворајќи ја новата девојка или сопруга во закана за таа семејна релација.

Можеби сакате да дознаете и како да бидете најдобри пријателки со вашата свекрва?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар