Зошто плетениот фустан е задолжително парче облека за оваа сезона?

Зошто плетениот фустан е задолжително парче облека за оваа сезона?

Овие 5 стилски идеи ќе ве инспирираат како најдобро да го носите плетениот фустан. Можете да го носите цела зима и да го комбинирате различно.

1. Со чизми над колена

Најдобро е да ги комбинирате чизмите со плетен фустан, особено во зима. Ако носите обичен плетен фустан, најдобро е да го комбинирате со чизми со рамни потпетици затоа што ако носите чизми со високи потпетици, може да изгледате како да претерувате.

2. Со ремен

 

View this post on Instagram

 

A post shared by natalie bertolone (@nataliebertolone)

Најдобар начин да му дадете облик на вашето тело е да ставите тенок ремен околу половината и веднаш да добиете убава силуета. Необичните детали на ременот го прават изгледот апсолутно привлечен.

3. Со сако

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katryna Ton (@callherclassy)

Ако сакате нешто поелегантно, облечете сако над плетениот фустан. Овој изглед е погоден за во канцеларијата. Можете да носите сако со големи димензии бидејќи тогаш целокупната комбинација изгледа похармонично.

4. Со кардиган

Сите оние кои сакаат уште поудобна варијанта, едноставно можат да носат долг кардиган над плетениот фустан. Така ќе го постигнете популарниот и практичен слоевит изглед, а дводелните плетени комплети се исто така многу популарни оваа зима. Оваа комбинација е совршена и за преминот помеѓу сезоните.

5. Со детали

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Renia Jaz (@venswifestyle)

Оние кои сакаат минимализам, може да изберат модели со софистициран крој. Наместо додатоци како ремен или кардиган, можете да бидете многу впечатливи со асиметрични форми и необични кроеви.

Погледнете кои модели на обувки ќе бидат хит во 2021 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар